американски варени гевреци

Американски варени ѓевреци

Често ги гледаме по филмовите, а сега ќе може да ги дегустираме американските варени ѓевреци. Малку се поразлични од нашите варени ѓевреци, но секако се вкусни и може да се користат за сендвичи или да ги намачкате со мармалад или друг солен намаз.  

Рецептот ни доаѓа од блогот Слатки тајни, на нашата пријателка Лидија. Таа вели: „Не се грижете ако ѓевреците не изгледаат перфектно или немаат правилна кружна форма. Тие се превкусни и домашни. Ѓевреците може да ги чувате во фрижидер 2 до 3 дена, а пред да ги послужите ви препорачува малку да ги затоплите во рерна. Исто може да ги замрзнете и да ги извадите по потреба.“

варени ѓевреци

Состојки:

  • 7 грама сув квасец
  • 300 мл млака вода
  • 500 грама брашно
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 мала лажичка сол
  • 1 жолчка за премачкување (ако сакате да добиете посни ѓевреци не ги премачкувајте со жолчка)
  • масло по потреба
  • 1 лажица сода бикарбона
  • сусам, сончоглед, ленено семе и семки од тиква.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад се ставаат квасецот, млаката вода и шеќерот. Убаво се мешаат и се оставаат да 5 минути. Во садот се додаваат солта, брашното и се замесува меко тесто со помош на миксер за време од околу 5 минути. Доколку немате миксер, може и со раце да го замесите тестото.
  2. Тестото се стават во претходно намрсен чист сад, се покрива со најлонска фолија и се остава да нарасне за време од 1 час.
  3. Се земаат два плеха и се обложуваат со хартија за печење и се наросуваат со малку брашно. На работната маса се посипува брашно и тестото се дели на 10 топчиња. Во секој плех се ставаат по 5 топчиња и се оставаат да нараснат уште 30 минути.
  4. На оган се става поголемо тенџере полно со вода. Водата се остава да зоврие.
  5. Штом водата ќе започни да вари се додава сода бикарбоната.
  6. Со помош на прст и малку брашно, внимателно се прави мал отвор во средината на секое топче. Така што треба да добиете форма на ѓеврек.
  7. Во тенџерето со зовриената вода се ставаат по 2 ѓевреци да се варат за време од 1 минута. По 50 секунди се превртуваат од другата страна. Варените ѓевреци се ставаат во чинија обложена со кујнска хартија за да се исцедат од водата. Се редат во плеховите, по 5 ѓевреци. Се премачкуваат со матена жолчка и се поросуваат по желба.
  8. Се ставаат да се печат во загреена рерна на 180 степени за време од 20 до 25 минути. Печените американски ѓевреци се оставаат малку да се изладат, а потоа се служат.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви предлагаме да прочитате: Варени ѓевречиња – домашен рецепт.

Сподели: