едноставни совети за превенција и третман на атеросклероза 1

Атеросклерозата е излечлива болест

Атеросклерозата е болест во која има наталожување на масни наслаги на крвните садови во нашето тело. Овие наслаги го стеснуваат пречникот на крвните садови и со тоа оневозможуваат правилен доток на крв до сите ткива и органи. Доколку наслагите се многу големи, т.е пречникот на крвниот сад е многу стеснет тоа може да доведе до сериозни последици по нашето здравје и во краен случај до срцев удар.

Денес се повеќе се прават истражувања во кои се набљудува како исхраната влијае на атеросклерозата и според резултатите од студиите може да се каже дека атеросклерозата е реверзибилен процес и во многу случаи и скоро излечлива.

Што е причината за појава на атеросклероза?

Иако како и за секоја друга болест причините не се целосно разјаснети, сепак во најголем дел од случаите атеросклерозата се должи на лошата исхрана и на физичката неактивност. Во САД секој четврти од десет Американци страда од коронарни болести. Западната исхрана се темели на масна и процесирана храна, комбинирана со седечки начин на живот што претставува најголема причина за големата стапка на појава на ваквите болести во САД.

едноставни совети за превенција и третман на атеросклероза 2

Дали срцевата болест е излечлива?

Во едно медицинско списание уште во 1990 година биле објавени резултати од една студија. Целта на студијата била да се испита влијанието на различни типови на исхрана врз атеросклерозата.

Испитаниците кои учевствувале во истражувањето биле поделени на две групи и тоа: едната група се хранела на вегетаријански начин, без холестерол и притоа мастите претставувале само 10% од дневниот енергетски внес. Другата група се хранела според диетен план составен од Американската асоцијација за срце, кој содржел до 300 мг холестерол дневно, а редукцијата на масти не била толку голема.

После една година резултатите биле следни: групата која била на вегетаријанска исхрана со малку масти покажала редукција на лошиот холестерол за 37%, а нивните стеснети крвни садови се прошириле во просек за 82%; кај другата група која се хранела според диетата на Американската асоцијација за срце, не покажала намалување на холестеролот, ниту подобрување кај наслагите на крвните садови.

Неколку едноставни совети за превенција и третман на атеросклероза

  • Јадете храна која не содржи многу масти, т.е. храна од растително потекло и притоа не додавајте многу масло при готвењето.
  • Наместо нездрав десерт, послужете се со чинија свежо и суво овошје.
  • Вежбајте редовно и пијте доволна количина на вода.
  • Полномасните млечни производи, заменете ги со нискомаслени.
  • Масните меса заменете ги со мешункасти плодови и со риба.
  • Не купувајте и не чувајте дома „нездрави“ искушенија – слатки и масни грицки, за да не посегнете по нив.
  • Јадете големи количини на свежо овошје и зеленчук.
  • Користете интегрални, наместо рафинирани житарки.

Автор: Маја Веловска.

Ви предлагаме да прочитате: 5 намирници кои се природни лекови против атеросклероза.

Сподели: