Безглутенска солена торта со урда и зеленчук 1

Безглутенска солена торта со урда и зеленчук

Најдобрите идеи се „раѓаат“ кога на креативноста и е дадена слобода и време! Така, припремајќи се за убава прошетка и размислувајќи што вкусно и здраво да понесеме со себе, во нашата кујна создадовме рецепт за безглутенска солена торта со урда и зеленчук! Ние ја јадевме за појадок, а за да го надополниме уживањето купивме и јогурт. Одлично и испробано трајно за носење и преку цел ден, препорачуваме да пробате!

Ја направивме со добра мисла и ја поделивме со останатите од друштвото. Им се допадна на сите што ја пробаа! Па, како да одолиме и да не го споделиме задоволството со сите вас? Нивните изрази на лицата беа вистинска мотивација за да ја фотографираме и да споделиме како ја подготвивме. Еве го рецептот.

Безглутенска солена торта со урда и зеленчук 2

Состојки:

  • 4 јајца
  • 500 гр урда од Млекара Здравје Радово
  • 150 мл кисела вода
  • 1 полна лажица оригано
  • 3 чаши овес (мелен во блендер)
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 мало лажиче сол
  • 1 поголема главица кромид
  • 2-3 поголеми моркови
  • 1 чаша свежи листови од спанаќ (или полн грст спанаќ)
  • сусам за поросување.

Може да ве интересира: 4 најздрави типови на сирење.

Подготовка:

  1. Најпрво излупете го и измијте го кромидот, а потоа исечете го на ситни коцки.
  2. Морковите измијте ги, излупете ги и ситно изрендајте ги.
  3. Ситно сечканите моркови и кромид ставете ги во тава на оган и запржете ги, додека омекнат и им се намали волуменот, односно додека кромидот добие стаклест изглед.
  4. Пред крајот, додајте го и претходно измиениот и исечкан спанаќ. Само кратко запржете со спанаќот, па тргнете ја тавата од оган.
  5. Во чист и сув сад за матење изматете ги јајцата додека се претворат во густ крем.
  6. Одлично и трајно за носење преку целиот ден, препорачуваме да пробате.
  7. Потоа, во садот со јајцата додајте ги и сите останати состојки, а при тоа мешајте со лажица. Прво додајте ги урдата и киселата вода, па додајте го запржениот зеленчук и на крај додајте ги сувите состојки. Препорачливо е сувите состојки (овесот, печивото, ориганото, солта) претходно да ги измешате во одделен сад, па да ги додадете во садот со јајцата.
  8. Во тава со големина бр. 30 ставете хартија за печење, па турете ја смесата. Со помош на лажица израмнете ја, па поросете со сусам.
  9. Ставете ја да се печи во загреана рерна на 200 степени за време од 25-30 минути или зависно од рерната додека добие убава црвенкаста нијанса и внатрешноста е печена. Ако послужите ладно вкусот е подобар, на здравје!
Безглутенска солена торта со урда и спанаќ

Ви препорачуваме да прочитате: Мини срциња – солени грицки со сирење.

Сподели: