Божествената лаванда е лек за телото и духот 1

Божествената лаванда е лек за телото и духот

Се запрашувате дали претеруваме или навистина е божествена?! Да, навистина е. Уште кога ќе помислиме на лаванда и ќе размислиме за неа, нејзината виолетова боја која и овозможува врховна духовна и козметичка вредност знаеме дека е така.

Интересната асоцијација која ја спомнавме погоре можеби се должи на основата на виолетовата боја, која е мешавина од црвена и сина, односно бојата на нагоните и бојата на умните способности. Тоа не е случајно, природата ја создала лавандата како лек за телото и душата, за чистител на мисловните и телесните потешкотии. Токму од тука доаѓа и името лаванда. Потекнува од латинскиот збор „lavare“, што значи перење или капење, на кратко прочистување.

Божествената лаванда е лек за телото и духот 2

Прочистување на телото и духот

Цветовите од лаванда уште од дамнина се користеле во купки за прочистување на телото и духот. Грците сметале дека ова растение добро влијае за подобрување на умствените способности, па имале обичај да се премачкуваат со масло од лаванда на темето. Подоцна Диоген заклучил дека е подобро да биде втриено на стапалата и нозете, за да се шири мирисот нагоре кон главата и да биде опфатено цело тело, па и од тогаш па натаму бил применуван тој начин.

Причината заради која лавандата се нарекува божествена се крие во нејзината универзалност. Приближно 2500 години, оваа грмушеста билка со потекло од грчките острови, многу често се користела за внатрешни и надворешни телесни болки, а благодарение на смирувачките својства одлично делува на психата, како и при несоница, депресија и анксиозност.

Римјаните имале обичај, во водата за перење на алиштата да ставаат лаванда, што со оглед на нејзините антисептички и антибактериски својства бил мудар потег, особено кога станувало збор за перењето на облеката на бројните ранети војници.

Значително подоцна, во времето кога во Европа завладеала шугата, многумина се спасиле од сигурна смрт така што при контактот со другите луѓе, носот и устата ги заштитувале со ткаенини  натопени со лавандова вода.

Благодарение на благотворните својства за спречување на инфекции, во недостаток на други лекови, лавандата во текот на светските војни е користена за дезинфицирање на раните. Таа била  корисно помошно средство за лечење на бактериски и габични инфекции на кожата.

Универзалната лаванда помага за олеснување на болки, Нејзиниот благ мирис смирува, опушта и го отстранува чувството на напнатост, па етеричното масло од лаванда може да се користи и за масажа, а многу помага и при реуматски болки и болки во мускулите.

Етеричното масло од лаванда е едно од ретките кои можат неразредени да се нанесуваат на кожата. Бидејќи поттикнува регенерација на кожата, маслото од лаванда е одлично за исцелување на рани и лузни, акни, екцеми и изгореници. Исто така, може да се користи за инхалирање, така што неколку капки од етеричното масло се капнуваат во врела вода, а со тоа се прочистуваат дишните патишта и целиот организам.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да направите масло од лаванда?

Сподели: