Божиќен колач со суво овошје

Деновиве се исполнети со празнична магија, вкусни солени и слатки јадења, а трпезата за еден од најголемите христијански празници не би можела да се замисли без традиционалниот божиќен колач со суво овошје. Вкусот се памети и ги радува сетилата, а еве како може да го направите.

Божиќен колач со суво овошје

Состојки:

За тесто:

  • 5 шолји брашно (1 шола = 200 мл)
  • 1 шола млеко
  • 3/4 шола шеќер
  • 2 јајца
  • 50 гр маргарин или путер
  • 50 гр масло
  • 40 гр квасец и прстофат сол.

За фил: 

  • 200 гр кандирано овошје (ананас, кајсии, брусница, суво грозје,изберете по желба)
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • 1/4 шола шеќер
  • 1 лажица цимет
  • 30 гр маргарин или путер за премачкување на кората.

Подготовка:

  1. Квасецот со дел од топлото млеко и малку брашно и шеќер се остава да нарасне.
  2. Сувите состојки се мешаат, па се додаваат во садот со квасецот и со топлото млеко се замесува меко тесто. За почеток е добро да се стават  прво 4 шолји брашно, а потоа при месењето по потреба да се додава петтата шолја.
  3. Тестото се остава на топло да за да нарасне.
  4. Во меѓувреме припремете го овошјето. Поголемите парчиња ситно исечкајте ги, а ако користите суво грозје потопете го во топла вода и по желба додадете рум.
  5. Нараснатото тесто се развлекува во правоаголна форма, се премачкува со маргаринот или путерот кој е пожелно да биде растопен или чуван на собна темпаратура, а врз него се распоредува овошјето.
  6. Најгоре се наросува со шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот, а кога се е додадено свиткајте ролат.
  7. Ролатот се става во намарсен калап за куглоф или друг калап, може и во плех, така што да биде поставен во круг и надворешните делови да се засечени со нож на секои 5 см, па колачот ќе изгледа многу подекоративно.
  8. Оставете на топло околу 20 минути за повторно да нарасне.
  9. Краевите на колачот се залепуваат со белка, а одозгора се премачкува со жолчката.
  10. Се печи на 180 степени, околу половина час. Доколку почне пребрзо да темнее, ставете алуминиумска фолија за да се заштити додека се допечи внатрешноста.
  11. Печениот божиќен колач покријте го со кујнска крпа и оставете го 15-20 минути да одмори, а потоа извадете го од калапот и посипете го со шеќер во прав.

Имајте среќни и весели празници!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Сподели: