Божиќен ликер 1

Божиќен ликер

Божиќ е еден од најголемите и омилените празници кај нас, посебен ден кога се слави и се споделуваат моменти со семејството. За да ни бидат уште подрагоцени и побогати овие собири, нашата пријателка Тања несебично го сподели најзиниот испробан и проверен рецепт за Божиќен ликер.  

Знаеме дека го прави секоја година и тоа со голема љубов, која ја наследи од својата пријателка која веќе не е помеѓу нас. Среќни сме што на овој начин, ќе помогнеме да се зачува споменот на таа умешна жена која на сите нас ни подари убав празничен рецепт за еден од најубавите празници.  Може да се прави со ракија или рум, а вкусот е доста поубав со ракија. Дозата може да ја зголемувате по желба.

Божиќен ликер 2

Состојки:

  • 5 литри комова ракија или рум
  • 6 суви урми, сечкани на ситни коцки
  • 6 смокви, исто така сечкани на ситни коцки
  • 6 црни сливи, исечкани на коцки
  • 150 гр кафеав шеќер
  • 1 портокал исечен на тенки кругови
  • 1 лимон исечен на тенки кругови
  • 3 -4 парчина анасон
  • 15 до 16 каранфилчина
  • околу 15 зрна црн пипер (по можност мешавина од бел, црвен, црн)
  • 1 шишенце екстрат од рум,
  • 2 стапчиња цимет
  • малку морско оревче.

Подготовка:

  1. Подготовката е многу брза и лесна. Претходно припремените состојки ставете ги во подлабок сад и оставете ги да стојат неколку дена (3-4). Повремено промешувајте и на крај процедете го ликерот и соберете го во шише. На здравје!

Рецептот го испратил: Тања Костовска.

Ви препорачуваме да прочитате: Божиќен колач со суво овошје.

Сподели: