Босилек корисен и лековит на 9 практични начини

Босилек корисен и лековит на 6 практични начини

Босилекот се нарекува крал на сите лековити растенија, а пријатната арома која ја поседува е одлична во различни јадења. Потекнува од тропските земји, како што се Индија и Иран, а со векови се користи во борба против повеќе здравствени проблеми.

Ви предлагаме 6 начини на кои можете да ги искористите предностите на оваа прекрасна билка, дел од нив укажуваат како може да го користите босилекот како лек, а останатите неколку се однесуваат на употребата босилекот како корисна состојка во храната.

Босилек корисен и лековит на 9 практични начини

Босилек за имунитет и снижување на крвен притисок

Истолчете шест до седум листови босилек и измешајте ги со една лажичка мед. Секое утро на гладно земајте по една лажица од оваа мешавина, а како резултат на тоа ќе го подобрите имунитетот и ќе ја намалите хипертензијата.

Босилек против болки во грлото

Сварете една шака листови босилек во еден литар вода. Оставете да отстои 10 минути и процедете го. Пијте го подготвениот чај по половина час од подготовката, додека е топол, голтка по голтка. Вашето грло ќе ви биде благодарно, а ќе почувствувате ослободување како во грлото, така и во стомакот.

Босилек против воспаленија на кожата

Лековитата течност од босилек – чај, може да се користи и на друг начин: ако имате воспаление на кожата или неподносливо чешање, за да се чувствувате благопријатност и привремено да го решите проблемот, натопете ќесичка чај од босилек во вода и нежно тапкајте на болното место.

Босилек против болки во зглобовите

Прекрасното, етерично масло од босилек помага при олеснување на воспалителни состојби, како што се болки во зглобовите, а исто така го зајакнува нервниот систем.

Босилек како средство против стрес

Нанесете капка етерично масло од босилек на врвот на носот и на слепоочниците, а со тоа брзо ќе го намалите стресот и напнатоста.

Босилек како зачин и додадок во напитоци

Додадете неколку сечкани листови босилек во тестото за леб. Може да додадете неколку сечкани листови босилек во кајгана, пица или супа. Тоа драматично ќе го подобри мирисот и вкусот на храната. Одлично би било доколку додадете неколку сечкани листови босилек во ладен чај или летен коктел. Исто така, квалитетните вкусни сензации на босилекот можете да ги додавате речиси во сите летни салати со (домати, краставици, итн), како и во салати со пилешко и риба. Пробајте, убедени сме дека ќе ви се допадне.

Сподели: