Брза малиџано салата со урда 1

Брза малиџано салата со урда

Модриот патлиџан има една одлична особина, го има скоро преку целата година! Оваа идеална карактеристика ни овозможува да уживаме кога што сакаме во разни специјалитети подготвени со него, а денес ви предлагаме да ја пробате нашата брза малиџано салата со урда!

Не ви е потребно многу време, па може да ја направите кога и да посакате, а по желба може да ја користите како намаз. Состојките се лесно достапни, а ние обично ја правиме со урда, која е дел од листата на најздрави типови на сирења и нуди лесна и брза подготовка.

Може да ве интересира: 4 најздрави типови на сирење.

Брза малиџано салата со урда 2

Состојки:

Подготовка:

  1. Модрите патлиџани најпрво измијте ги добро. Ставете ги во тава за да се печат, а притоа не ја лупете кората. Вака приготвените модри патлиџани ставете ги да се печат претходно загреана рерна на 200 степени.
  2. Печете за време од 45-60 минути, зависно од рерната и големината на модрите патлиџани. Штом се изладат, отстранете ја кората и ситно исечкајте ги или измелете ги.
  3. Испечените и иситнети модри патлиџани зачинете ги со малку маслиново масло, посолете и додајте црн пипер по вкус.
  4. Урдата измешајте ја со претходно исчистениот и ситно исечкан или пресован лук. По желба може да ја зголемите или намалите количината на урда.
  5. Во длабок сад ставете ги сечканите модри патлиџани, урдата и павлаката. Доколку сакате да добиете покремаста салата, додајте ја и втората павлака. Состојките добро измешајте ги.
  6. Сервирајте ја брзата малиџано салата, а по желба декорирајте ја со свеж магдонос.
  7. Препорака од нас: Испечете тенко насечени лепчиња и послужете ги заедно како крцкав додаток на кремастата салата! На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Потпечени модри патлиџани со кашкавал и домати.

Сподели: