пита со спанаќ

Брза пита со спанаќ и сирење

Ако не сакате да поминувате многу време во кујната, а сте љубител на пити ви предлагаме да го пробате рецептот за брза пита со спанаќ и сирење. Потребни ќе ви бидат само 5 минути за да ја припремите, а може да ја направите со свеж или замрзнат спанаќ.

Спанаќот е храна која има мал број калории. Во 100 грама свеж спанаќ има само 23 калории. Богат  е со витамините К, А и фолна киселина. Неговиот нутритивен состав го прави одлична храна за здравјето, а воедно помага за намалување на телесната тежина. Предност на оваа пита со спанаќ и сирење е тоа што не содржи глутен, а е богата со протеини.

брза пита со спанаќ и сирење

Состојки:

  • 2 чаши обарен спанаќ
  • 1 ½ чаша изварка или дробено сирење
  • 3 јајца
  • 2 лажици овесно брашно
  • ½ ќесичка прашок за печиво
  • ½ чаша јогурт
  • сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Спанаќот добро исцедете го.
  2. Во длабок ставете го исцедениот спанаќ и додајте ги изварката, јајцата, овесното брашно, прашокот за печиво и јогуртот. Добро измешајте ги состојките за да се добие хомогена смеса.
  3. Во садот наросете сол, црн пипер по желба и повторно измешајте ги состојките. Тава со дијаметар 24 см, обложете ја со хартија за печење. Во тавата турете ја смесата за питата со спанаќ.
  4. Печете во загреена рерна на температура од 220 степени за време од 20 минути или додека питата добие румена боја. Печената пита со спанаќ послужете ја топла со чаша јогурт или кисело млеко. На здравје!

Сподели: