рецепт за проја со јогурт

Брза проја со јогурт и сирење

Пројата традиционално се приготвува на балканските простори. Таа е вкусна пита која се припрема со пченкарно брашно. Многу често при подготовка на проја се користат млечни производи, па овој пат за сите љубители на проја, споделуваме рецепт за брза проја со јогурт и сирење.

Мека, вкусна и сочна, идеална за појадок или вечера со чаша јогурт!

проја со јогурт

Состојки:

  • 2 јајца
  • 1 филџан масло
  • 200 до 300 мл јогурт од Здравје Радово
  • 1 филџан пченкарно брашно
  • малку сол
  • 1 филџан брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 100 грама кравјо сирење од Здравје Радово
  • 1 лажица путер.

Подготовка:

  1. Сирењето изрендајте го на крупната страна на рендето или издробете го.
  2. Во сад за матење ставете ги јајцата. Изматете ги со миксер додека се добие густа, хомогена смеса.
  3. Во садот додајте ги маслото, јогуртот, пченкарното брашно и малку сол. Измешајте со лажица.
  4. Во чинија ставете ги брашното и прашокот за печиво. Измешајте ги со лажица, а потоа додајте ги во садот со матените јајца. На крај, додајте го сирењето.
  5. Добро измешајте ја смесата.
  6. Тавата (25*35 см) обложете ја со хартија за печење. Ставете ја смесата за пројата и добро израмнете ја. По желба посипете ја со сусам, ленено семе или семе од сончоглед.
  7. Пројата печете ја во загреана рерна на 200 степени, за време од 15 до 20 минути.
  8. Кога пројата е печена, извадете ја од рерна и премачкајте ја со путер. Готовата проја со јогурт послужете ја топла или изладена по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашни пинерлии со сирење.

Сподели: