Брз тарт со боровинки 1

Брз тарт со боровинки

Ако ви се најдат малку боровинки ви предлагаме да ги искористите и да ги претворите во вкусен десерт! Направете го овој брз тарт со боровинки кој ни го предлага Лидија, нема промашување има само уживање!

Боровинките во себе содржат најмногу антиоксиданси од сите свежи овошја кои досега се тестирани. Исто така, ова овошје содржи многу малку калории, па затоа може да биде  одлична закуска доколку сакате да намалите телесна тежина.

Брз тарт со боровинки 2

Може да ве интересира: Лесен колач со боровинки.

Состојки:

За тесто:

  • 180 брашно
  • 60 гр шеќер
  • прстофат сол
  • 125 гр путер на собна температура
  • 30 гр овесни снегулки.

За фил:

  • боровинки по потреба
  • 1 лажица нишесте
  • 1 лажица шеќер.

Подготовка:

  1. Боровинките се мешаат во чинија заедно со нишестето и шеќерот, па се тураат во премачкано тавче.
  2. Во сад се мешаат сите состојки за тестото, а потоа малку се замесува и со помош на прстите тестото се прави така што да наликува на лебни трошки.
  3. Така приготвеното тесто се истура во калапот и тоа над боровинките и се пече во загрена рерна на 225 степени, 25 до 30 минути. Се послужува со матена слатка павлака.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com.

Ви препорачуваме да прочитате:  11 здравствени причини да консумирате боровинки.

Сподели: