железо храна

Важноста на железото за здравјето

Железото е еден од минералните елементи кој му е неопходен на организмот за добро здравје. Тој првенствено е потребен за изградба на хемоглобинот од црвените крвни клетки, и поради тоа е од клучна важност за правилна дистрибуција на кислород до сите ткива и органи. Во следниот текст прочитајте за симптомите кои може да се појават при недостаток на железо, колкава доза треба да се внесува овој минерал и во која храна да го најдете.

Витамините и минералите играат важна улога во зачувувањето на здравјето. Железото не е исклучок. Светската здравствена организација предупредува дека 80% од населението во светот страда од недостиг на железо, па ако сте дел од таа група, важно е да знаете:

Симптоми кои се јавуваат при недостаток на железо

Дефицитот на железото во организмот се појавува почесто кај жените, отколку кај мажите. Најчестите симптоми кои што се јавуваат при недостиг се:

Храна богата со железо

  1. Грав – во една шолја варен грав има околу 8mg.
  2. Црно чоколадо – во 100гр црно чоколадо (со над 70% какао) има околу 8,2mg.
  3. Спанаќ – една шолја варен спанаќ содржи 6mg.
  4. Боровинки – во ½ шолја смрзнати боровинки има околу 5mg.
  5. Леќа – ½ шолја варена леќа  содржи 2mg.
  6. Леблебија – во ½ шолја варена леблебија има околу 2mg.

Други производи кои се добар извор на железо се: сушени кајсии, грашок, месо, тофу, индиски ореви, лешници.

железо

Препорачани дневни потреби за внес на железо

Колку железо треба да се консумира? Одговорот на тоа прашање зависи од самиот организам. Најмногу железо е потрбно во периодот на растење, т.е. кај децата и тинејџерите, како и кај бремените жени и жените со обилна менструација.

Препорачаните дневни потреби на железо се:

  • Деца (1-13 години) – 7 до 10mg
  • Адолесценти (14 – 18 години) – 11mg (момчиња) до 15mg (девојчиња)
  • Жени (19 до 50 години) – 18mg
  • Мажи (19 години и нагоре) – 8mg
  • Жени над 51 година – 8mg
  • Бремени жени – 27mg
  • Жени што дојат – 9 до 10mg.

Автор: Маја Велковска.

Ви предлагаме да прочитате: Како да се надмине анемијата или недостатокот на железото во крвта?

Сподели: