Вегански чоколадни бомбици без шеќер

Чоколадно, а здраво! Ако сте љубител на здрави десерти, не пропуштајте ја можноста да ги пробате овие чоколадни бомбици без шеќер.

Се прават многу брзо и се идеални за секого. Не содржат глутен, посни се, вегански и не содржат шеќер. Засадени се со урми, а какаото и ванилата го исполнуваат и онака фантастичниот вкус. Иако комбинацијата на ореви, урми и какао е едноставна, вкусот е многу побогат од што очекувате. Оревите се многу хранливи и помагаат за намалување на холестеролот, а се богат извор на омега -3 масни киселини. Во комбинација со урмите кои се богати со минерали, овие чоколадни бомбици се супер енергетска ужина.

чоколадни бомбици без шеќер

Состојки:

  • 1 ½ чаша јатки од ореви
  • ¼ чаша какао
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • ¼ мала лажичка сол
  • 1 чаша свежи урми без семки
  • 1 лажица вода
  • какао во прав или мелени ореви за посипување.

Подготовка:

  1. Оревите измелете ги.
  2. Урмите ситно исечкајте ги.
  3. Доколку имате моќен блендер во него ставете ги мелените ореви, урмите, какаото, ванилата, солта и водата. Миксирајте ги состојките додека добиете хомогена смеса.
  4. Доколку немате блендер, рачно измесете ја смесата.
  5. Потоа формирајте бомбици и по желба извалкајте ги со какао во прав или мелени ореви. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Брзи бомбици без шеќер и без глутен.

Сподели: