Вегетаријански топчиња од компири, спирулина и изварка

Вегетаријански топчиња од компири, спирулина и изварка

Инспирирани од Spirulina Pacifica во прав, ви приготвивме нов, интересен, но многу здрав рецепт. Станува збор за вегетаријански топчиња од компири, спирулина и изварка.

Вака приготвените топчиња се многу хранливи, а подготовката е едноставна и лесна. Додадовме Spirulina Pacifica, за збогатување и исполнување на вкусот, а пред сѐ за искористување на хранливите придобивки. Spirulina Pacifica не е лек, туку храна, а со своите состојки е најхранлива намирница на светот! Оваа микроалга содржи извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини од Б групата, комплетни протеини, ГЛК и изобилство од минерали и ензими. Листата на нејзините корисни состојки и дејства е навистина долга! Ги содржи сите есенцијални амино киселини и 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говедскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спанаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 5 пати повеќе калциум отколку млекото, 4 пати повеќе протеин, споредено со тофу сирењето од соја и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот. Па, во таа насока, во скоро време очекувајте повеќе рецепти со Spirulina Pacifica во прав.

Вегетаријански топчиња од компири, спирулина и изварка

Може да ве интересира: 10 докажани причини за да консумирате спирулина.

Состојки:

  • 3 компири со средна големина
  • 1 литар вода
  • 1 лажица Spirulina Pacifica во прав
  • 3 лажици изварка
  • 3 лажици микс од семиња (сусам, ленено семе, сончоглед, семки од тиква)
  • 1 лажица ладно цедено екстра девствено маслиново масло
  • хималајска сол, мелен црн пипер и оригано по вкус
  • соја сос за сервирање.

Подготовка:

  1. Компирите излупете ги и исечете ги на коцки.
  2. Во тенџере на оган, на умерено висока температура ставете ги парчињата компири да се варат во солена ладна вода. Варете ги за време од 20 до 30 минути во зависност од големината на парчињата компири.
  3. Штом компирите се сварат, тенџерето тргнете го од огнот.
  4. Компирите исцедете ги, а оставете мал дел од течноста во која се вареле. Потоа испасирајте ги со алатка за пире. Во пасираните компири додајте го маслиновото масло, малку од течноста во која се вареа компирите, посолете ги, наросете мелен црн пипер и зачинете ги со оригано по вкус. Измешајте ја смесата. Треба да добиете средно мека смеса, која ќе биде погодна за обликување.
  5. Семињата ставете ги во нелеплива тава на оган на умерена температура. Печете ги за време од 3 до 5 минути.
  6. Изварката ставете ја во чинија, посолете ја во по вкус и зачинете ја со мелен црн пипер. Измешајте ја и обликувајте 3 бомбици.
  7. Спирулината ставете ја во рамна чинија.
  8. Секоја од бомбиците од изварка, извалајте ја во спирулината во прав.
  9. Сместа од пасираните компири поделете ја на три дела. Од секој дел со помош на рацете формирајте кружна кора. На средна ставете по една бомбица со изварка и спирулина. Оформете поголема топка.
  10. Две од топчињата со компири и спирулина, извалајте ги во печените семиња. Преостанатото топче, наросете го со спирулина во прав.
  11. На чинија за сервирање ставете ги трите топчиња од компири и послужете ги со соја сос. На здравје!

Информација плус: Spirulina pacifica во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија. Покрај во прав, таа е достапна во паковања со различни големини, од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс или да се јавите на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 и да ги нарачате директно на ваша адреса, со бесплатана достава.

Ви предлагаме да прочитате: Зелено детокс смути со киви и спирулина.

Сподели: