вегетаријански ќофтиња од ориз и спанаќ

Вегетаријански ќофтиња од ориз и спанаќ

Обожаваме да дегустираме нови јадења, а ќофтињата кои се направени од компири, ориз и зеленчук ни се едни од омилените. Лана, овој пат има нов предлог за ќофтиња од ориз и спанаќ.

За оние кои постат или се вегани, таа вели дека може да се направат и во таква варијанта. Бешамел сосот наместо со путер и млеко, направете го со вода и масло. Едноставно е, нели?

ќофтиња од ориз и спанаќ

Состојки:

  • 200 грама спанаќ
  • 1 помала главица кромид
  • 200 грама ориз
  • сол по вкус
  • лебни трошки по потреба.

За бешамел:

  • 50 грама путер
  • 2 лажици брашно
  • 300 мл млеко
  • сол
  • црн пипер
  • морско оревче по вкус.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган на умерена температура ставете малку масло да се загрее. Во маслото ставете го ситно сечканиот кромид и кратко пропржете го.
  2. Во тенџерето додајте ориз и вода. Посолете и оставете го оризот да се вари за време од 20 минути додека омекне. Варениот ориз исцедете го.
  3. Во меѓувреме пригответе го бешамел сосот. Во мало тенџере на оган ставете го путерот да се растопи. Потоа додајте го брашното и кратко пропржете го. Додајте го млекото и мешајте додека сосот згусне.
  4. Посолете и зачинете со мелен црн пипер и мелено морско оревче.
  5. Спанаќот исечете го на ленти и измешајте го со варениот ориз и бешамел сосот. Доколку е потребно додајте лебни трошки за да може да се поврзи смесата.
  6. Формирајте ќофтиња и валкајте ги во лебни трошки.
  7. Ќофтињата пржете ги во тава со поголема количина на загреано масло од двете страни додека поруменат.
  8. Пржените ќофтиња извадете ги врз хартиена салфетка за да се впие вишокот на масло.
  9. Послужете ги со тартар сос или друг сос по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Посни ќофтиња од компири и ориз.

Сподели: