Визитарски колачи чизкејк коцки 1

Визитарски колачи чизкејк коцки

Ни претстојат многу празници, а како би поминало празничното дружење без вкусни закуски и десерти? Визитарските колачи се убави за секоја пригода. Овој пат оставете сладок печат на трпезата и подгответе неодоливи чизкејк коцки!

Нашата пријателка од блогот Kuhinjica  Mignone, го споделува со нас нејзиниот рецепт. А, фотографијата пак, како мами погледи, да посакаш да каснеш!

Визитарски колачи чизкејк коцки 2

Состојки:

За кора:

  • 200 гр бисквити (може и интегрални)
  • 70 гр путер
  • 2 лажици шеќер.

За фил:

  • 250 гр путер
  • 250 гр крем сирење
  • 100 мл слатка павлака
  • 70 гр шеќер во прав
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца.

За глазура:

  • 200 гр чоколадо
  • 6 лажици масло.

Подготовка:

  1. Растопете го путерот на тивка температура и со него прелијте ги мелените бисквити. Убаво измешајте ја смесата.
  2. Припремете тава (со големина 15х25см), така што ќе ја обложите со хартија за печење. Смесата распоредете ја рамномерно во тавата.
  3. Во одделен сад измешајте го путерот со крем сирењето. Потоа додајте ја и слатката павлака, шеќер и две малку заматени јајца.
  4. Изедначете ја смесата и турете ја преку слојот од бисквити.
  5. Печете во загреана рерна на 180 степени, за време од околу 40 минути.
  6. Оставете го колачот да се излади во калапот, а потоа ставете го во фрижидер барем неколку часа.
  7. Изладениот колач исечете го на коцки. Можете да чоколадирате на два начини. Исечениот колач на коцки, прелијте го со глазурата од чоколадо или чоколадирајте ги коцките една по една. За да ја подготвите глазурата, растопете го чоколадото со маслото на умерена температура. На крај декорирајте ги и сервирајте ги во декоративни хартиени калапи. На здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Крцкав чизкејк колач со лиснато тесто.

Сподели: