Витки на здрав начин: 6 овошја кои го помагаат слабеењето 1

Витки на здрав начин: 6 овошја кои го помагаат слабеењето

Постигнете виткост без нездрави диети! Ако се трудите да изгубите телесна тежина и постојано сте на диети или се трудите да ослабнете со напорни физички тренинзи, треба да прочитате што може да ви помогне. Така, ако ги консумирате овие 6 лесно достапни овошја за слабеење, на многу полесен начин ќе стигнете до посакуваната цел.  

Круша

Крушата е многу богата со растителни влакна кои овозможуваат да се чувствувате сити и го намалуваат апетитот. Убаво измијте ја и не лупете ја кората, бидејќи во неа има многу повеќе влакна. Крушата содржи антиоксиданси кои се неопходни за слабеење, катехини и флавоноиди, кои го спречуваат задржувањето на течностите и ги елиминираат токсините и мастите од организмот.  Редовната консумација на круши во исхраната помага за регулирање на холестеролот, како и ја намалува можноста од добивање на коронарна болест и дијабетес.

Јаболка

Не само што растителните влакна во јаболката го намалуваат апетитот, туку и го забрзуваат метаболизмот и доведуваат до брз губиток на телесна тежина. Јаболката се добри и за здравје на срцето и силен имун систем. Како напиток, може да припремате сок од јаболка со вода и цимет и полесно ќе ги намалувате килограмите.

6 ovosja za polesno slabeenje 2

Гарсинија камбоџа

Тоа е тропско овошје, кое популарноста ја добило како дел од додатоците на исхрана кои се наменети за слабеење. Постојат истражувања кои велат дека ја блокира способноста на телото да таложи масни наслаги и дека го регулира, односно намалува апетитот. Присуството на активната компонента хидроксицитричната киселина (HCA) е корисно за блокирање на ензимот цитрат лиаза, за кој се смета дека нашето тело го користи за создавање на масните наслаги. Исто така, оваа состојка го зголемува нивото на серотонин во организмот, па чувството на среќа и задоволство влијае да се чувствувате помалку гладни.

Портокал

Портокалот има малку калории, а содржи доста корисни супстации кои ни помагаат да заборавиме на гладот. Честото јадење на портокали му помага на телото да се хидрира и ја намалува вкупната количина на дневни калории кои ги внесуваме.

Банана

Растворливите влакна од ова овошје го намалуваат апетитот, а ако ги јадете за појадок тоа може да го подобри вашиот имун систем и да го истенчи вашиот струк. Исто така, бананите е препорачливо да ги јадете после тренинг, за да ја обновите енергијата, а комбинација со темно чоколадо во мали количини е совршена за секој спортист.

Кокос

Кокосовиот орев помага за забрзување на метаболизмот, како и да се чувствувате сити. Можете да го додадете во салата, а како негова варијација за губење килограми, корисно е и кокосовото масло.

Ви предлагаме да прочитате: 5 совети за слабеење кои мора да се почитуваат.

Сподели: