Вкусно лепче со тиква 1

Вкусно лепче со тиква

Лидија како и секогаш прави толку добри јадења што човек не може да одолее. За надополнување на вкусот и одлично ги декорира! Овој пат ни подготви многу вкусно лепче со тиква, за кое вели дека е една врста на погача.

Изборот на состојки е многу интересен, а во тоа ќе се уверите и сами откако ќе прочитате. Интересна информација која ја сподели Лидија со нас, е дека освен со тиква може да се прави и со морков или тиквички. Сега имате можност да видите како изгледа кога е направено со тиква, а со што ќе изберете останува на вашиот вкус.

Вкусно лепче со тиква 2

Состојки:

  • 25 гр свеж квасец
  • 250 мл млеко или кисело млеко/јогурт
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажица масло
  • 400 гр брашно
  • 100 гр тиква
  • 80 гр овесни снегулки
  • семки од тиква за декорација.

Подготовка:

  1. Најпрво стопете го квасецот со малкото млеко или јогуртот.
  2. Потоа додајте ја солта, медот и маслото, па измешајте.
  3. Додајте го и брашното, па продолжете со мешање неколку минути.
  4. Во смесата додајте ја и ренданата тиква и овесните снегулки, измешајте убаво и оставете околу 30 минути за да нарасне.
  5. Плехот во кој ќе печите најдобро е да биде обложен со хартија за печење.
  6. Тестото ставете го на работна маса која претходно сте ја посипале со малку брашно. Ако сеуште се лепи, се додава уште брашно.
  7. Тестото се дели на 16 парчиња и од секое парче се прави топче. Секое од топчињата се реди во плехот, едно до едно за да се залепат.
  8. Така припремено, се остава да стои околу 30-40 минути за да нарасне.
  9. Се мачка со вода и се наросуваат семки од тиква.
  10. Вкусното лепче осо тиква се пече во загреана рерна на 225 степени за време од 15 минути.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посни кифлички со тиква.

Сподели: