гласање за сајт на годината 2016 6

Гласајте за Сѐ за храна да биде најдобар сајт за Храна и здравје за 2016

Почитувани пријатели, минатогодишното признание и освоеното 2-ро место на изборот Сајт на Годината, во категоријата Најдобар сајт за Храна и Здравје, значеше голем поттик за да работиме понапорно и да одиме чекор напред за да ви го пружиме најдоброто од нас. Искрено се заблагодаруваме, затоа што верувајте успехот не би бил можен без Вас и Вашата поддршка!

Сѐ за храна постои за вас. Tокму вие читателите сте нашата инспирација за неуморно да работиме и со задоволство да одговараме на сите барања кои ги доставувате до нашиот тим. Во оваа прилика, ве информираме дека Сѐ за храна е номинирана на натпреварот за најдобар сајт за 2016, во повеќе категории:

  • Храна и здравје
  • Најдобар сајт за невладини организации
  • Најдобар блог
  • Најдобар дизајн
  • Најдобар мобилен сајт
  • Најдобар сајт за 2016
  • Најдобра фејсбук страница.

Така, доколку и вие се согласувате дека Сѐ за храна заслужува да добие прво место во категориите Храна и здравје, Најдобар сајт за невладини организации и Најдобар блог ви замолуваме да гласате за Сѐ за храна со 10 поени (тоа е најдесно), во наведените категории. Линкот за гласање е следниот: sajtnagodinata.mk

Гласањето опфаќа неколку лесни чекори. За таа цел ви припремивме кратко и сликовито упатство за гласање:

Чекор 1:  а) Кликнете тука  и откако ќе ви се отвори страната која наликува на подолу прикажаната фотографијата, кликнете на полето Гласај.

гласање за сајт на годината 2016

б) Во празниот бел простор, прво напишете ја вашата e-mail адреса, па штиклирајте дека не сте робот и кликнете на полето Испрати.

На крај, ќе ви се појави зелено означеното поле, што значи дека овој чекор е успешно завршен.

гласање за сајт на годината 2016 2

Чекор 2: Отворете го вашиот e-mail, потоа отворете ја пристигнатата порака, па кликнете на означениот линк (со сина боја и потцртан со црвена линија).

гласање за сајт на годината 2016 3

Чекор 3: Ова е најважниот чекор на кој треба да посветите внимание.

Веднаш штом кликнете, ќе ви се отвори категоријата Најдобар сајт за 2016, а малку подолу ќе ја најдете и категоријата Храна и здравје, како и категориите за Невладини организации и Најдобар блог. Подолу означениот приказ е пример за гласање. Така, откако ќе ја пронајдете секоја од спомнативе категории, изберете 10 поени за Сѐ за храна, па кликнете/одберете на кој ќе му дадете 6, а на кој ќе му дадете 2 поени. За гласањето да биде успешно, задолжителна е распределбата на 10, 6 и 2 поени во соодветната категорија (како што е примерот подолу, а истото важи се за секоја категорија за која сакате да гласате). Значи можете да гласате во 3 или 4 категории или колку што сакате, само во нив мора да се избрани сите три полиња, а категориите во кои што не сакате да гласате не мора да ги пополнувате воопшто, тоа не е задолжително. За гласањето да биде валидно, потребно е да давате по 3 гласови во избраните категории: Храна и здравје, Невладини организации и Најдобар блог.

гласање за сајт на годината 2016 4

Чекор 4: На крај, кликнете на полето Потврди сместено веднаш под категориите и со тоа успешно сте го завршиле гласањето. Тоа може да потрае неколку секунди, па ве информираме да не ја затворате страницата пред да ви излезе текст „Ви благодариме што гласавте.“ (како на приказот подолу).

гласање за сајт на годината 2016 5

Кликнете тука за да гласате.

Искрено Ви благодариме за несебично пружаната поддршка! Доколку имате прашања за начинот на гласање пишувајте ни на info@sezahrana.mk

Со почит,

Тим на Сѐ за храна

Сподели: