Големи целувки со чоколадо 1

Големи целувки со чоколадо

Лидија е многу вешта и креативна во кујната, а штом забележиме вакви убави нешта, не можеме да ги одминеме без да ги споделиме. Време е за големи целуфки со чоколадо!

Лидија ни кажа неколку совети како да направиме најубави целуфки. Таа вели: За да се добие убава и цврста пена од белки и шеќер, важно е да нема никаква трага од жолчка во белките. Ако се употребува пластичен сад, да се измие убаво садот, уште еднаш пред да се прави пената. Пластичните садови можат да содржат траги од мрсно, а тоа може да пречи за убава и цврста пена.“

Големи целувки со чоколадо 2

Состојки:

*за 10-12 поголеми целувки

  • 3 белки од поголеми јајца, а ако јајцата се помали ставете белки од 4 јајца
  • 230 до 250 шеќер
  • 50 гр црно чоколадо.

Подготовка:

  1. Во сад се ставаат белките и шеќерот и се матат со миксер. Прво се започнува пополека, а потоа се зголемува јачината околу 5 минути, додека се добие цврста пена.
  2. Чоколадото се растопува и се додава во садот со пената.
  3. Со силиконска лажица, барем 1-2 пати многу полека се меша целата смеса.
  4. За печење е потребно да обложите плех со хартија за печење.
  5. Со помош на 2 лажици се зема од смесата и се става во плехот.
  6. Целуфките се печат во загреана рерна на 145 степени, околу 40-45 минути.
  7. Се оставаат да се изладат и се спремни за служење. На здравје!

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com

Ви препорачуваме да прочитате: Целуфки со фстаци и чоколадо.

Сподели: