Грејпфрут – цитрусно овошје со небројни здравствени придобивки

Божествено освежителен и вкусен, совршен за витка линија, добро здравје и силен имунитет. Грејпфрут или цитрон, како и да го наречеме ова овошје е одлично за нашиот организам!

Краток ботанички опис 

Грејпфрут (Citrus Grandis) претставува субтропско цитрусово овошно дрво кое е познато по неговиот горчлив плод, а уште се нарекува цитрон. Припаѓа на фамилијата Rutaceae и видот Citrus. Интересен факт е тоа што дрвото на грејпфрутот е зелено преку целата година и може да достигне до 15 метри висина. Листовите се темни зелени, долги и тенки, а цветовите бели.  Плодот на грејпфрут е жолт и со сферична форма, а достигнува дијаметар од 7-10 сантиметри и тежина до 150 грама. Внатрешноста е сегментирана исто како кај портокалот, многу е сочна, киселкаста и варира според бојата. Во зависност од сортата во внатрешноста може да биде бело, розово или црвено обоен, а според вкусот варира од горчливо до благо. Иако некои сорти немаат семки, други можат да содржат и до 50 бели, зашилени семки со должина од приближно сантиметар.

Грејпфрут - цитрусно овошје со небројни здравствени придобивки

Потекло, дејство и здравствени придобивки од грејпфрут

Грејпфрутот потекнува од Азија, а денес во најголема мера се култивира во САД, Бразил и Израел. Поседува антибактериско, антисептично, антифунгално, диуретично и дезинфициентно дејство  и претставува овошје кое е одличен извор на многу хранливи материи и фитохемикалии кои придонесуваат за добро здравје.

Грејпфрутот е добар извор на витамин Ц, содржи растителни влакна и пектин, а розевите и црвените нијанси го содржат корисниот антиоксиданс ликопен. Може да спречи дебелеење и да биде од корист при дијабетес (шеќерна болест), помага во намалување на холестеролот, се бори против ракот, лекува чиреви во желудникот, ги намалува болестите на непцата, а дури може да спречи излив на мозокот.

Диетата со грејпфрутот е многу применувана во последните години, кој со својот освежувачки сок е добар додаток во секој тип на исхрана. Тој создава чуство на ситост, а има малку калории и киселини кои ги топат масните наслаги.

Кората од грејпфрут се користи за ароматерапијата. Ефективен е врз алергии, ги лечи болестите предизвикани од паразити, идеален за испирање на устата и делува одлично на раничките во усната шуплина, како и на лошиот здив и кариесот, лекува мали рани, изгореници, црвенило и слично. Од семките и сокот на грејпфрутот се добива цитрофит, кој придонесува за зајакнување на имунолошкиот систем.

Екстрактот од грејпфрут во главно се состои од монотерпени (99%) од кои воглавно на лимонененот му припаѓаат 89%. Содржи многу висока количина на витамин А, како и флавоноидни антиоксиданси, како што се: нарингенин (антиоксидант кој го дава горчливиот вкус на цитронот и кој може да замени или да го потпомогни дејството на два лекови кои што се  користат кај шеќерно болните), бета-каротен, ксантин и лутеин.

А доколку сакате да си направите домашен напиток за топење на стомачните масни наслаги, кликнете тука.

Сподели: