Детоксикација на телото во 6 чекори

Во ладните месеци кога исхраната е калорична и мрсна, а свежата храна ја има помалку, на организмот му е неопходна детоксикација. Не постои идеално време за ослободување на организмот од штетните радикали и токсини, па затоа треба редовно да се применуваат навики кои ќе ви помогнат во вашата џел. Прочитајте како може да направите детоксикација на организмот во 6 чекори!

Во зимскиот период кога во нашата исхрана недостасува свежо овошје и зеленчук може да се појават многубројни симптоми како што се хроничен замор, главоболка, депресија, како и намалување на имунитетот.

Ви предложуваме неколку совети и начини за детоксикација на вашиот организам.

детоксикација

Пијте свежо цеден сок од лимон секој ден

Лимонот е идеален за детоксикација затоа што помага во елиминирање на токсините од организмот. Започнете го денот со чаша топла вода во која ќе додадете свеж сок од половина лимон. Веднаш ќе почувствувате олеснување, а по некое време ќе забележите и подобрување на енергијата.

Јадете овошје

Јадете ли по две овошки на ден? Ако не обожавате овошје, време е да ги промените навиките. Консумирајте што повеќе овошје во било кој облик без разлика дали е свежо, суво, смрзнато или како сок. Овошјето содржи витамини и минерали кои ќе ви дадат виталност и енергија.

Не заборавајте да пиете вода

Пијте по 8 до 10 чаши вода секој ден! Таа е пресудна за нашето здравје, затоa што учествува во сите физиолошки процеси на организмот. Водата е неизоставен дел за правилна детоксикација на телото. Таа помага во елиминацијата на токсините од организмот, го подобрува метаболизмот, расположението и изгледот на кожата.

Ручекот започнете го со свежа салата од зелен зеленчук

Зелениот зеленчук како што е брокулата, спанаќот, марулата, зелката, прокељот и кељот, се многу богати со антиоксиданси, витамини и минерали. Овие зеленчуци го подобруваат имунитетот, го чистат организмот од токсини, а содржат малку калории. Најдобро е да ги јадете свежи во салата или да направите смуди.

Јадете интегрални зрна и мешунки 

Интегралните зрна и мешунките се одличен извор на антиоксиданси, растителни протеини и растителни влакна. Секогаш трудете се наместо рафинирани производи, да изберете намирници кои се направени од интегрално брашно. Почесто конусмирајте интегрален ориз, интегрални тестенини, грав, леќа, грашок или наут.

Завршете го денот со детокс лепенките за стапала

SLC Detox Patch лепенките за стапала ја играат главната улога во целокупната детоксикација. На природен начин од организмот ги отстрануваат токсините, тешките метали и непотребните метаболички остатоци. Дополнително помагаат во отстранување на заморот, ја подобруваат циркулацијата, го зголемува квалитетот на сонот и го подобруваат целокупниот тонус на организмот.

Ви предлагаме да прочитате: Детоксикација на организмот по празниците.

Сподели: