Детокс лимонада со праски и чај 1

Детокс лимонада со праски и чај

Освежува, го детоксицира телото и е прав еликсир за летниот период! Токму вака можеме да ја опишеме вкусната детокс лимонада со праски и Slim Line Tea која ја приготвивме во нашата кујна.

Заедно со нашите пријатели од Slim Line Club се трудиме да ви помогнеме при слабеењето и детоксикацијата на организмот, па затоа овој пат приготвивме нешто ново. Инспирација ни беше Slim Line Tea, чај кој содржи високо квалитетни состојки кои освен што помагаат за намалување на вишокот на килограми, истовремено имаат и ефект да делуваат на поткожните масти, со тоа што се уништуваат и согоруваат масните центри. Чајот ги отстранува поткожните маснотии со што се оптимизира работата на лимфната жлезда, на намалува надуеноста на телото и го нормализира прекумерното лачење на маснотии во кожата. Полифенолоите и катехинот од зелениот чај ефикасно ќе ги отстранат токсините од вашиот организам. Кога токсините се елиминирани, метаболизмот се забрзува и организмот може ефикасно да ги согорува масните наслаги.

Во комбинација со лимонот и праските се добива освежителен детокс пијалак со многу добар вкус кој е идеален за летните денови. Па, драги пријатели пробајте ја оваа лимонада од која може да ги почестите и пријателите. Од наведената количина на состојки ќе добиете 1 литар лимонада.

Детокс лимонада со праски и чај 2

Состојки:

  • 1 вреќичка Slim Line Tea
  • 500 мл вода
  • 1 лимон
  • коцки мраз
  • лимон и праска за декорација

За сируп од праски:

  • 1 праска
  • 200 мл вода
  • стевија, мед или друг засладувач по желба.

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставете ја водата да се вари. Пред да зоврие тргнете го тенџерето од огнот и ставете ја вреќичката Slim Line Tea. Оставете ја за време од 5 минути.
  2. Потоа, вреќичката тргнете ја и оставете чајот да се излади.
  3. Праската излупете ја, отстранете ја семката и исечете ја на помали парчиња.
  4. Во тенџере на оган ставете ги парчињата праска и додајте ја водата. Засладете со стевија или друг засладувач по желба. Штом водата зоврие, тенџерето тргнете го од огнот, покријте со капак и оставете да се излади за време од 1 час.
  5. Варената праска заедно со течноста ставете ја во блендер. Миксирајте додека добите хомогена смеса.
  6. Лимонот исцедете го. Сокот од лимон додајте го во чајот и измешајте.
  7. Другиот лимон исечете го на кругови. Праската исечете ја кришки.
  8. Во чаша ставете неколку коцки мраз и додајте ги парчињата лимон и сечената праска. Додајте од 1/3 од чаша од сирупот со праски. Потоа дополнете со изладениот Slim Line Tea со лимон.
  9. Освежителната детокс лимонада послужете ја веднаш. На здравје!

А за максимално оссвежување Slim Line Club имаат супер акција. Сега може да порачате SLC Meal Replacement Strawberry + Slim Line Tea, по неверојатна цена од 798 денари. За повеќе информации и нарачки посетете ја онлајн продавницата или јавете се на телефонските броеви 078 215 929 и 02 270 0028.

Детокс лимонада со праски и чај 3

Ви предлагаме да прочитате: Ладен чај за забрзување на метаболизмот и слабеење.

Сподели: