Добри или лоши масти, научете да ги препознавате 1

Добри или лоши масти? Научете да ги препознавате!

За да бидете витки, здрави и енергични, не треба да се одрекувате од храната. Доволно е да знаете која храна ви користи, а која не ви влијае најдобро. Мастите, заедно со јаглените хидрати и протеините се основен составен дел во нашиот живот и секојдневна исхрана, но дали знаеме да препознаеме кои се добри или лоши масти за организмот?

Мастите се неопходни за нашиот развој, едноставни ни се потребни, а може да бидат комбинација од заситени и незаситени масни киселини.

Добри или лоши масти, научете да ги препознавате 2

Каква е хемиската разлика помеѓу заситените и незаситените масти?

Ќе пробаме максимално да го поедноставиме одговотот на ова прашање. Заситените масти имаат еднократна врска помеѓу атомите на јаглеродот во молекулите, а незаситените масти имаат двојна врска. Таа микроскопска разлика е причина што едните предизвикуваат дебелина и го подигнуваат нивото на холестерол, додека другите делуваат обратно.

Кои се нарекуваат „лоши“ масти?

Тоа се оние кои претежно содржат заситени или транс масни киселини. Тие го подигнуваат нивото на лошиот холестерол и предизвикуваат дебелина, дијабетес, болести на срцето и крвните садови, а можат и да влијаат канцерогено.

Што се заситени масни киселини?

Заситените масни киселини се наоѓаат во главно во производи од животинско потекло. На пример во месо, јајца и млечни производи. А извесни количини се среќаваат и во некои растителни производи како што се кикиритките и кокосот.

Каде се среќаваат транс масните киселини?

Во главно ги има во пржената, похувана, преработена храна, на пример во пуканките за микробранова или чипсите. Тие вршат конзервација на храната, па затоа чипсот и компирчињата на МекДоналдс можат да траат и повеќе од месец дена, без да ја променат бојата, обликот и вкусот.

Кои масти се сметаат за добри и поволно влијаат на организмот?

Добрите масти го снижуваат нивото на холестерол, го подобрувааат крвоносниот систем, добро влијаат на мозокот, косата ја прават посјајна, подмладуваат, го регулираат сонот.

Добрите масти ги има во растителните производи, јаткастите плодови, во рибите, во семињата. Извори на незаситени масни киселини се:

  • Масла: маслиново масло, ленено масло, соино масло.
  • Јаткастите плодови: бразилски ореви, индиски ореви, обичните ореви, фстаците, лешници
  • Разните риби: туна, лосос, сардина, харинга.

Незаситените масни киселини се делат на еднократни (моно) и повеќекратни (поли)незаситени. Обично во рибата се наоѓа поголема концентрација на полинезаситени масни киселини, додека во јаткастите плодови и авокадото, преовладуваат мононезаситените масни киселини. Ако не обожавате да јадете риба, не грижете се, и без неа можете да се храните здраво. Освен тоа, мононезаситените масти, во метаболизмот се претвораат во омега 3 масни киселини, а тие се добри за здравјето.

Како да ги препознаете добрите масти?

Мастите кои на собна температура се во цврста состојба, на пример маргаринот, палмината маст, се заситени масти. Мастите кои на собна температура се во течна состојба се незаситени, такво е на пример, лененото масло, маслиновото масло, сусамовото масло итн. Ова правило важи само за т.н чисти масти, а не и за намирниците. На пример, оревот е во цврста состојба, во во главно содржи незаситени (здрави) масти.

Неколку совети за здрава исхрана

Во исхраната треба да вклучите што повеќе намирници кои содржат добри масти. Заситените масти не се штетни во мали количини (1 јајце дневно, 200 мл млеко и слично), но потребно е да внимаваме да не претераме со нив. Кога избирате масла, секогаш треба да им дадете предност на ладноцедените масла, кои се добиваат со процес на ладно пресување и се богати со омега 3 и омега 6. Бидејќи не се термички обработени, овие масла не ги губат здравите состојки. Ако сакате ја збогатите исхраната со нив, треба да знаете дека ни се лесно достапни на нашите простори. Фила произведуваат различни типови на ладноцедени масла кои се еден вид на природно исцеден сок од семки на различни видови растенија, што во себе ги содржат само своите природни хранливи состојки и се одликуваат со мирисот и вкусот на самото семе од кое се произведени. Тоа се нерафинирани, хемиски и термички нетретирани масла, кои обликуваат со незаситени есенцијални масни киселини, витамин Е, провитамини, лецитини, фитостероли, минерали и други состојки исклучително корисни за здравјето на луѓето. Можете да избирате и да купите и од нивната онлајн продавница или поголемите маркети, различни квалитетни масла кои се богати со омега3/6 и тоа ладно цедено масло од семки од тиква, ладно цедено масло од црно семе, ладно цедено масло од кајсија, екстрадевствено маслиново масло, ладно цедено масло од ленено семе итн.

Ви препорачуваме да прочитате: Што се полинезаситени масти, за што се корисни и кои намирници се богати со нив?

Сподели: