компот од праски

Домашен компот од праски

Сега е време да го направиме омилениот компот од праски на многумина од нас! Искористете ја сезоната на праски и лесно направете домашен, природен компот од праски без конзерванси, со кој ќе се освежувате вие и вашето семејство преку целата година, а може да го користите и за подготовка на вкусни десерти.

Праските се одгледуваат низ светот со векови, а познати се како симбол на бесмртноста и пријателството. Праските се нискокалорични и се погодни за честа консумација. Една голема праска има помалку од 70 калории и содржи 3 грама растителни влакна. Истражувањата утврдиле дека праските содржат биоактивни состојки кои помагаат за намалување на телесната тежина, имаат анти-воспалително дејство, го намалуваат ризикот од дијабет и оксидацијата на лошиот холестерол, со што штитат од кардиоваскуларни болести.

Количината на праски и шеќер е по желба, а исто така во компотот може да додадете малку цимет и ванилин шеќер.

компот од праски

Состојки:

  • Праски
  • Шеќер
  • Вода

Подготовка:

  1. Праските добро ги миеме и им ја отстрануваме кората. Потоа ги сечеме на половини или на четвртинки и им ги отстрануваме семките.
  2. Во секоја тегла, малку повеќе од половина од висината, ставаме праски и врз нив посипуваме 3 до 4 лажици шеќер по желба. Во теглата дополнуваме вода.
  3. Вака подготвените тегли ги виткаме со хартија и ги редиме во шерпа на оган. Во шерпата налеваме вода и оставаме да зоврие водата. Откако ќе зовријат, вариме уште 10 минути да на тивок оган.
  4. Потоа шерпата ја отстрануваме од огнот и оставаме теглите да се изладат неколку часа, а најдобро е преку ноќ. Наредниот ден, теглите со компот од праски ги вадиме од шерпата, им ја отстрануваме хартијата, ги бришеме од водата и ги редиме заедно со останатата зимница.

Сподели: