домашен крем за отстранување на лузни

Домашен крем за отстранување на лузни од лицето

Не постои човек на кој не би му сметале лузни на лицето, а најчесто кремите кои помагаат се многу скапи и тешко е да си ги дозволите. И овој пат, моќта на хранливите состојки може да ви помогне да ги лекувате непосакуваните лузни на алтернативен начин.

домашен крем за отстранување на лузни

Лузните на лицето (како и на другите делови на телото) кои најчесто се предизвикани од мозолчиња и акни, можат да имаат прилично големо влијание врз севкупниот изглед. За да ги отстраните без скапо лекување, ви препорачуваме природен крем кој може да го направите сами. Тој е доста ефикасен и доколку редовно се користи, лузните ќе исчезнат за кратко време.

Состојки:

  • 4 лажички свежо исцеден сок од лимон
  • 4 лажички мед
  • 1 белка од јајце.

Подготовка:

  1. Измијте го лицето, бидејќи потребно е кожата да биде чиста и сува.
  2. Во чист сад ставете ги состојките и добро измешајте ги.
  3. Добиениот крем нанесете го директно на местото каде имате лузна.
  4. Оставете да делува околу 15 минути, па исплакнете.
  5. Третманот се повторува максимално два пати во неделата.

Сподели: