нискокалоричен протеински сладолед 1

Домашен нискокалоричен протеински сладолед

Дињата е многу нискокалорично овошје, па ни беше инспирација за нов и малку поздрав рецепт за домашно десертно разладување. Летото обично е период кога поголемиот број на жени се обидуваат да ослабат, а исто така и голем број на мажи сакаат да се во добра форма. Така, наместо да си го скратувате задоволството да се освежите со сладолед, креиравме одличен рецепт за нискокалоричен протеински сладолед кој ќе може да го јадат и оние кои практикуваат малку порестриктивен режим на исхрана од обично.

Јогуртот го избравме со мала содржина на масти, за што помалку калории, а многу добро го надополнува вкусот на сладоледот. Кикиритките му даваат убава текстура и уникатност, а SLC Meal Replacement шејкот од ванила го прави богат со протеини и други корисни материи кои посебно се важни во летниот период. Од препорачаната доза на состојки ќе добиете околу 650-700 мл сладолед, а во една порција има само 115 калории, а од нив 5.7 грама јагленихидрати, 5.5 грама масти, 4.2 грама протеини и 1.7 грама растителни влакна. Ние уживавме во вкусот, пробајте го, ќе ве изненади и тоа позитивно!

нискокалоричен протеински сладолед 2

Состојки:

  • 1 чаша густ сок од блендирана диња
  • 1 чаша јогурт со 1% млечна маст
  • 100 гр печени несолени кикиритки
  • 3 лажици SLC Meal Replacement шејк од ванила
  • 1 лажица екстракт од ванила.

Подготовка:

  1. Најпрво измелете ги кикиритките во блендерот. Кога се добро иситнети, префрлете ги во друг сад.
  2. Дињата измијте ја. Исечете ја на четвртини. Просечно ќе ви биде потребна 1/4 за да добиете 1 чаша густ сок од блендирана диња. Но, тоа зависи и од големината на дињата која ќе ја користите. Отстранете ја кората, малку исечкајте ја и ставете ја во блендерот. Блендирајте додека се добие сок со изедначена густина.
  3. Измешајте ги сокот од дињата со јогуртот, додајте го екстрактот од ванила и измешајте.
  4. Иситнетите кикиритки измешајте ги со шејкот од ванила, па додајте ја смесата во садот со сокот од диња. Измешајте со помош на лажица и сервирајте во мали теглички или друг сад за замрзнување. Оставете да се замрзни и препуштете се на уживањето!

Ви препорачуваме да прочитате: Нискокалоричен сутлијаш со интегрален ориз.

Сподели: