Домашен сладолед со праски и слатка павлака

Освежително и лесно, за сите љубители на овошни сладоледи. Со оглед на тоа што сезоната на праските започна, време е да ги направите најубавите десерти. А во лето се знае, не може да се замисли без сладолед. Па, драги пријатели пробајте го овој рецепт за домашен сладолед со праски и слатка павлака.

Вкусот е фантастичен, а на вас оставаме да ни кажете како ви се допаднал овој домашен овошен сладолед.

сладолед со праски

Состојки:

  • 300 грама праски
  • 75 грама шеќер
  • 20 грама бадеми по желба
  • 250 милилитри слатка павлака.

Подготовка:

  1. Праските најпрво излупете ги, па исечете ги на мали коцки.
  2. Ставете ги во тенџере заедно со малку вода. Тенџерето ставете го на оган на средна температура и загревајте се додека праските омекнат.
  3. Потоа процедете ги од водата и испасирајте ги или ставете ги во блендер и миксирајте ги.
  4. Додека праските се топли посипете ги со шеќер и убаво промешајте со лажица.
  5. Додајте ги и ситно исечканите бадеми, повторно убаво промешајте и оставете ги добро да се изладат.
  6. Во сад за матење ставете ја слатката павлака. Изматете ја со миксер додека добиете густ шлаг.
  7. Соединете ги двете смеси (смесата со праските и павлаката). Изматете заедно со миксер додека се добие хомогена смеса. При матењето на праските со павлаката, мешајте убаво се додека добиете густ крем.
  8. Така изматена смесата ставете ја во пластичен сад и оставете ја да стои во замрзнувач неколку часа. Штом сладоледот се стегне, послужете го. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашен овошен сладолед од праски.

Сподели: