расчешлување на косата

Домашен спреј за расчешлување на косата

Косата ви се плетка и тешко се расчешлува? Користите секакви средства кои имаат мал ефект? Време е да направите промена и да започнете да ја негувате косата со природни средства. Овој пат ви претставуваме лесен рецепт за домашен спреј за расчешлување на косата. Идеален е за мали девојчиња, но и за возрасни кои имаат осетлив скалп.

Природен спреј за расчешлување на косата со јаболкова киселина 

Јаболковата киселина често се користи во негата на косата. Има повеќе примени, така што може да се користи како природен регенератор, помага за да се одржи балансот на pН вредноста на косата и ги отстранува нечистотиите. Следната состојка која се користи во овој спреј за расчешлување на косата е гелот од алое вера. Алое верата содржи 20 различни аминокиселини, кои го хранат влакното и ја хидрираат косата.

спреј за расплеткување на косата

За да го направите домашниот спреј за расчешлување доволни ви се само јаболкова киселина и гел од алое вера. Но, имаме дополнителен предлог. Додајте неколку капки етерично масло кои ќе го збогатат спрејот. Може да користите масло од лаванда, кое ќе го неутрализира мирисот на јаболковата киселина, но исто така ги стимулира жлездите на скалпот да лачат повеќе масло, што е одлично за сите кои имаат многу сува коса, а особено за децата. Маслото од лаванда може да го направите и дома, а рецептот прочитајте го тука. По желба може да додадете неколку капки масло од кедрово дрво кое го стимулира растот на косата. Овој спреј може да користат и лица кои имаат осетлива кожа на главата.

Потребни ви се:

  • стаклено шише (250 мл) со прскалка
  • 2 лажици јаболкова киселина
  • 2 лажици чист гел од алое вера
  • 180 мл дестилирана вода
  • 4 до 6 капки етерично масло од лаванда, кедрово дрво или друго масло по желба.

Подготовка:

  1. Во стакленото шише ставете ги сите состојки и добро измешајте за да се раствори гелот од алое вера.
  2. Пред секоја употреба протресете го шишето. Спрејот може да го нанесувате на влажна или сува коса.

Совет плус: Ако додавате етерични масла во спрејот, задолжително користите стаклено шише.

Ви предлагаме да прочитате: Домашен регенератор за коса со јаболкова киселина.

Сподели: