Домашен чоколаден намаз од банани 1

Домашен чоколаден намаз од банани

Скоро и да нема мајка која сака да му го даде најдоброто на своето дете! А, истото можеме да го кажеме и за сите лица кои свесно се трудат да живеат што поквалитетен живот, а тоа подразбира и поздрав живот. Пробајте го овој домашен чоколаден намаз од банани, веруваме ќе ви се допадне.

Можеби некогаш вкусот на нештата кои ги подготвуваме дома е малку поразличен од превкусните на кои сме навикнале да ги купуваме, но некогаш вреди да пробаме да внесеме по нешто ново и приготвено од нас.

Домашен чоколаден намаз од банани 2

Состојки:

  • 5 банани
  • 150 гр шеќер
  • 1 лажица сок од лимон
  • 50 мл вода
  • 100 гр чоколадо за готвење.

Забелешка: Како поздрава варијанта предлагаме наместо бел шеќер и чоколадо за готвење, да користите кафеав шеќер и црно чоколадо со висок процент на какао во својот состав.

Подготовка:

  1. Бананите излупете ги и испасирајте ги рачно или со миксер.
  2. Откако ќе ги испасирате додајте го сокот од лимон.
  3. Добиената смеса ставете ја во тенџере, а потоа додајте ја водата и шеќерот. Убаво измешајте.
  4. Ставете го тенџерето на тивок оган и оставете да се вари 8-10 минути, а при тоа, непрекинато мешајте.
  5. Потоа додајте ги коцките чоколадо и продолжете со варењето уште 7-8 минути. Ис то така, продолжете да мешате за да не ви зафати за дното.
  6. Готовиот чоколаден намаз од банани складирајте го во чиста тегла и чувајте го на темно место, а најдобро во фрижидер.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашен џем од моркови.

Сподели: