домашен џем од лубеница

Домашен џем од лубеница

Можеби до сега не сте помислиле да пробате, а можеби веќе знаете дека уникатниот вкус на домашен џем од лубеница долго се памети. Има одлична арома и брзо се подготвува. Оние кои го дегустатираа мислат дека ќе им се допадне на сите кои ќе го пробаат, а посебно на најпребирливите, а тоа се дечињата.

Од предложените состојки во рецептов , за 2 и половина до 3 часа, ќе добиете џем во количина на 2 средно големи тегли.

домашен џем од лубеница

Состојки:

  • 1 кг лубеница
  • 500 гр кафеав шеќер
  • 4 чаши вода
  • ½ чаша сок од лимон.

Подготовка:

  1. Лубеницата пресечете ја и од неа отстранете ја кората бидејќи за џемот ви е потребен само црвениот дел од неа.
  2. Црвениот дел се сече на мали коцки и се отстрануваат семките.
  3. Во големо тенџере на тивок оган се става исечканата содржина и се додаваат водата, кафеавиот шеќер и сокот од лимон.
  4. Откако смесата ќе почне да врие постојано промешувајте.
  5. Оставете да се вари 2 до 2 и ½ часа на тивок оган.
  6. Варете се додека џемот убаво не се згусне.
  7. Откако џемот ќе биде готов се става во претходно загреани тегли, а потоа теглите затворете ги со капак и ставете ги во рерна на 120 степени да стојат најмалку еден час.
  8. Откако ќе измине 1 час изгаснете ја рерната и оставете ги теглите да се изладат внатре во рерната при што на таков начин теглите ќе бидат целосно вакумирани.

На здравје!

Сподели: