Домашна посна погача за слава 1

Домашна посна погача за слава

Често пати посакуваме, за здравје и радости на фамилијата, за празнување на нашите куќни слави и одбележување на празниците, да направиме вкусна и домашна посна погача. Повелете одличен рецепт.

Лидија ја направи, а ние со големо задоволство ја споделуваме со сите вас. Ако сакате да ја направите иста погледнете ги фотографиите за помош.

Домашна посна погача за слава 2

Состојки:

  • 25 гр квасец
  • 350 мл млака вода
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици мед
  • 550-600 гр брашно (во рецептот е користена мешавина од подеднакви количини на бело и ржано брашно).

За премачкување:

  • околу 150 мл вода
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка масло
  • 1 лажичка брашно.

Подготовка:

  1. Ставете го квасецот во сад и додајте ја водата, па оставете да се стопи. По малку време додајте ги солта, маслото, медот и брашното.
  2. Замесете убаво измазнето тесто. По конзистенција тестото ќе биде малку лепливо, но не грижете се, така треба.
  3. Убаво измесено се остава да нарасне за време од 50-60 минути.
  4. Обложете калап на кој му се отстранува обрачот, а краевите намачкајте ги со масло.
  5. Се прави погачата и се остава да стаса уште 30 минути. Декорацијата може да ја направите и поинаку, зависно од умешноста и времето кое го имате на располагање.
  6. Подгответе ја смесата за премачкување. Во мало тенџере на оган, ставете ги сите состојки и мешајте додека се задебели.
  7. Оставете малку да се излади, па премачкајте ја погачата со неа. По желба посипете со сусам или мак.
  8. Печете во загреана рерна на 230 степени за време од 10 минути, па се намалува температурата на рерната на 200 степени и се печи уште 30-40 минути. Ако сметате дека може да ви изгори горната површина, само покријте ја погачата со алуминиумска фолија.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска.

Ви препорачуваме да прочитате: Посна Бадникова погача.

Сподели: