посни домашни лепчиња без масло

Домашни посни лепчиња без масло

Во деновите кога се пости, може да ги направите и дегустирате овие домашни посни лепчиња без масло, подготвени од наједноставните состојки, кои секако дека се одлични и во секој друг момент.

А мирисот на топлите печени лепчиња ја исполнува куќата со прекрасна арома и ретко кој може да одолее и да не проба. И благодариме на Катерина за прекрасниот рецепт кој го сподели со нас, а ни преостанува уште да ги направиме и дегустираме со семејството и пријателите.

посни домашни лепчиња без масло

Состојки:

  • 300 грама брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 неполна лажичка сода бикарбона
  • прстофат шеќер
  • околу 130 мл млака вода.

Подготовка:

  1. Брашното пресејте го со сито.
  2. Во длабок сад за месење ставете ги брашното, солта, содата, шеќерот и постепено додавајте  млака вода. Од состојките, замесете тесто.
  3. Потоа, поделете го тестото на 6 дела. Од секој дел формирајте топче и оставете да отстојат врз набрашнета работна маса за време од 30 минути.
  4. После 30 минути со раце од секое топче оформете лепче.
  5. Во тавата (нелеплива) на оган, на средно висока температура печете ги лепчињата од двете страни по 3-5 минути. Печените лепчиња, извадете ги од тавата и ставете ги врз чинија. Чинијата покријте ја со кујнска крпа додека ги испечете сите лепчиња. Печените домашни посни лепчиња без масло, послужете ги додека се топли. На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Сподели: