Домашен третман за негувани и убави веѓи 1

Домашни третмани за негувани и убави веѓи

Убави веѓи се знак дека жената се грижи за себе и за својот изглед! Но, не секогаш сме во можност да ги одржуваме во совршена состојба. За тоа да не биде така, во продолжение ви презентираме природни третмани кои се изведуваат лесно и во домашни услови, а ефектот е видлив.

Причина за лош изглед на веѓите може да биде неквалитетна шминка или пак некои проблеми со здравјето. Поттикнувањето на регенерацијата на фоликулите на влакната е можно и со едноставни домашни средства. Едното кое ви го предлагаме треба да го подготвите сами, од само 2 природни состојки, а другото средство е готов производ кој исто така е природен и само треба да го нанесете. Целта и во двата случаи е да постигнете да имате убави веѓи кои ќе ги обожавате! Еве за кои домашни третмани за веѓи станува збор.

Домашен третман за негувани и убави веѓи 2

Домашен третман од маслиново масло и лимон

Состојки:

Подготовка:

  1. Кришката лимон ставете ја во шолја, а потоа додајте го маслиновото масло.
  2. Шолјата поклопете ја со тацна и оставете ја да стои 5 дена.
  3. Откако поминале 5 дена можете да започнете со домашниот третман на веѓите.

Начин на употреба:

Секоја вечер, пред спиење, на претходно измиено и суво лице, по линијата на веѓите нежно поминете со кришката лимон. Најдобро е да не го миете лицето потоа и да оставите домашното природно средство да делува преку ноќ. Постапката треба да ја повторувате секоја вечер за време од 3-4 недели, а првите резултати треба да бидат видливи по 1 недела.

Како дополнување на ефектот, ви препорачуваме доколку имате време и можност да користите и рицинусово масло. Тоа е едноставно, евтино и ефикасно средство кое е богато со полинезаситени масни киселини, па ги храни влакненцата од внатре и го стимулира нивниот раст.

Домашен третман за веѓи со SLC Eyebrow Enhancer

SLC Eyebrow Enhancer e специјална формула која овозможува зголемување на должината и дебелината на веѓите, правејќи да изгледаат погусто.

Претставува природна формула со висок квалитет

Производот SLC Eyebrow Enhancer е направен од 100% сигурни, природни и органски состојки, кои даваат потполна заштита на очите од иритации и воспаленија. И не само тоа, оваа формула е збогатена со биотин и витамин Е, кои обезбедуваат максимални резултати.

Наменет е за оние кои имаат:

  • Кратки и тенки веѓи
  • Ретки и кршливи веѓи

Какви резултати може да очекувате?

  • Клинички докажано, видливо ги продолжува веѓите и до 46% за 2 недели, а за 6 недели и до 72%
  • Ја зголемува густината на веѓите до 25% за 2 месеци
  • Ги зајакнува веѓите и помага да се одржи нивната густина.

Начин на употреба:

Се нанесува секоја вечер, директно на коренот од влакното на веѓите. Ако пропуштите доза, продолжете со третманот наредната вечер. Од почетокот на користењето, вистинските резултати се гледаат после 2 месеци од почетокот на користење. За повеќе информации да се јавите на телефоните 078 215 929 и 02 270 0028 или да кликнете тука и да ја посетите веб продавницата.

Ви препорачуваме да прочитате: Рицинусово масло за брз раст и здрав сјај на косата, веѓите и трепките.

Сподели: