Домашни ќебапчиња со сенф 1

Домашни ќебапчиња со сенф

Често се случува дома да ни се најде одредена количина на мелено месо, а понекогаш недостасуваат добри идеи за негова подготовка. Во оваа прилика сме тука да ви предложиме рецепт за домашни ќебапчиња чија уникатност во вкусот ја додава сенфот.

Можеби на прв впечаток ќе помислите, „ќебапчиња си се ќебапчиња“, но додека не ги пробате приготвени на овој начин нема да знаете колку се убави и вкусни. Ќе им се допаднат на сите членови од семејството!

Домашни ќебапчиња со сенф 2

Состојки:

  • 500 грама мешано мелено месо
  • 1 главица рендан кромид
  • 1 јајце
  • 4 лажици лебни трошки
  • 3 – 4 лажици сенф
  • 2 суви пиперки
  • 1 лажица сечкан свеж магдонос
  • црн пипер, мешан сув зачин по потреба.

Подготовка:

  1. Во подлабок сад ставете го меленото месо, ренданиот кромид и јајцето.
  2. Замесете ги состојките, а потоа додајте ги лебните трошки, сенфот, исечканите суви пиперки и магдоносот.
  3. Смесата зачинете ја со црн пипер и мешан сув зачин, па повторно замесете ја.
  4. Садот со месото затворете го добро со најлонска фолија и оставете ја смесата да стои во фрижидер околу 5-6 часа.
  5. Со намрснети раце земајте од смесата и формирајте ќебапчиња. Пржете ги во загреано масло, но не на многу силен оган. Препорачуваме готовите домашни ќебапчиња да ги вадите ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.

На здравје!

Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска.

Сподели: