Домашно лепче со цвекло 1

Домашно лепче со цвекло

Сигурни сме дека до сега не сте се сетиле самите да направите вакво лепче! Лидија е навистина успешна кога станува збор за подготовка на интересни лепчиња, а нејзиниве не само што се вкусни, туку се и убави. Да пробаме и ние да си направиме вакво домашно лепче со цвекло!

Може да ве интересира: Домашен леб со фета сирење.

Домашно лепче со цвекло 2

Состојки:

  • 25 гр свеж квасец
  • 500 мл млака вода
  • 1 и 1/2 лажичка сол
  • 2 лажици масло
  • 2 помали или 1 поголемо цвекло
  • 250 гр ржано брашно
  • 500 гр бело брашно.

Подготовка:

  1. Цвеклото излупете го и изрендајте го.
  2. Квасецот издробете го во сад со млаката вода и оставете го да се растопи, па додајте ги останатите состојки и измешајте со миксер или со лажица. По конзистенција тестото ќе биде малку потечно и лепливо. Се остава да нарасне за време од 1 до 2 часа. Што повеќе време стои, толку е поубаво, а најмалку треба да го оставите 1 час.
  3. На работна маса се поросува повеќе брашно за да не се лепи тестото. Потоа, тестото се става врз брашното и пак се поросува и од горната страна за полесно да се работи. Малку замесете го и поделете го на 2 дела. Секој дел свиткајте го како векна.
  4. Лепчињата се ставаат во претходно обложен плех со хартија за печење, се покриваат и се оставаат уште 20-30 минути за да нараснат.
  5. Рерната загрејте ја на 225 степени и притоа попрскајте внатре малку вода или на дното од рерната ставете огноотпорна чинија полна со вода. Целта на оваа постапка е да се добие пареа, што ќе овозможи лепчето да има јака кора и убаво испечена средина. Откако ќе почне да се создава пареа, лепчето се печи уште 30 минути.

Рецептот го испратил: Лидија Јошевска, slatkitajni.com

Ви препорачуваме да прочитате: Посно селско лепче со ржано и бело брашно.

Сподели: