Домашно парење на лице за мрсна кожа склона кон акни 1

Домашно парење на лице за мрсна кожа склона кон акни

Од дамнешните времиња е познато дека пареата помага за отворање на порите, ја омекнува кожата и ја зголемува циркулацијата, а со тоа овозможува полесно продирање на разните серуми и хидратантни кремови. Иако професионалното третирање на лицето нема споредба, понекогаш може да пробате и да си направите домашно парење на лице со само неколку состојки, а со користење на маска, може да постигнете многу сличен ефект.

Овој домашен третман е посебно корисен за кожа која е мрсна и на која често се појавуваат акни. Ако вашата кожа е склона на акни, внимавајте на храната која ја внесувате. Таа може да предизвика акни или пак да ја подобри нивната состојба, па еве кои 8 намирници се препорачуваат како помош против акни.

Домашно парење на лице за мрсна кожа склона кон акни 2

Состојки:

  • 300-500 мл вода
  • 3 капки етерично масло од чајно дрво
  • неколку листови свеж босилек.

Подготовка и начин на примена на домашно парење на лице против акни:

  1. Водата ставете ја да зоврие, а потоа во неа додајте го етеричното масло од чајно дрво и листовите босилек.
  2. Течноста турете ја во стаклен или керамички сад, измешајте ја и оставете ја врз рамна површина.
  3. Со помош на крпа покријте ги рамената, а лицето држете го над пареата на висина од 25-30 см.
  4. По 5-10 минути од третманот со пареа, додека кожата е сеуште влажна, на лицето нанесете маска. Како ефикасна маска наменета за чистење на акните и митесерите ја препорачуваме SLC PureSkin црната маска за лице која е богата со минерали и растителни екстракти. Со помош на оваа маска ќе добиете уникатен пилинг ефект кој дава моќни резултати на детоксикација, пречистување и осветлување на кожата. Брзо се суши, создавајќи цврста форма која ги апсорбира нечистотиите и темелно ги чисти порите, нежно отстранувајќи ги митисерите, акните и вишокот масленост на површината на кожата. Ефикасно и подеднакво добро се бори со црнките и лојните жлезди. Совршено тонизира, хидратира, ја затегнува кожата и ја прави мека и сјајна. Повеќе за SLC PureSkin црната маска за лице, прочитајте тука.

Ви предлагаме да прочитате: Нов светски хит за чиста и негувана кожа!

Сподели: