слатко од дуњи

Домашно слатко од дуњи

Мал број на луѓе повеќе би избрале да јадат свежи дуњи, но голем број од нас заради посебната арома и вкус уживаат во најубавото слатко на светот – слатко од дуњи.

А сега може дома да си направите вкусно слатко од дуњи, без конзерванси и да се засладувате преку целата година.

слатко од дуњи

Состојки:

  • 1 кг исчистени дуњи
  • 1 до 1,25 кг шеќер
  • 400 мл вода
  • 1 лимон.

Подготовка:

  1. Лимонот исечете го на полукругови.
  2. Дуњите измијте ги и добро отстранете ги малите влакненца кои се наоѓаат на површината.
  3. Во тенџере на оган на средна температура ставете ги дуњите и додајте 2 литри вода. Штом водата зоврие, варете ги дуњите за време од 5 минути.
  4. Потоа, извадете го од водата, излупете ги и исечете ги на коцки.
  5. Во друго тенџере на оган ставете го шеќерот и додајте ја водата. Штом шеќерот се растопи и се добие шербет со густина на мед, ставете ги коцките дуњи и варете ги на силен оган додека забележите дека шербетот од лажица паѓа по две тешки капки.  Во текот на варењето ќе забележите бела пена на површината, која треба да ја соберете и отстраните со помош на лажица.
  6. Пред крајот на варењето додајте ги парчињата лимон.
  7. Вареното слатко (штом дуњите изгледаат како проѕирни) покријте го со влажна кујнска крпа и оставете го преку ноќ да се излади.
  8. Другиот ден, изладеното слатко соберете го во чисти стерилизирани тегли. Теглите добро затворете ги со метални капаци и ставете ги кон останатата зимница.
  9. Готовото слатко од дуњи се послужува како и со чаша вода, но може да се јаде и со парче леб како во старите времиња. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Домашно слатко од рендани дуњи.

Сподели: