Др. Нела советува: За кого е наменета спирулината 1

Др. Нела советува: За кого е наменета спирулината? Кој сè може да ја користи?

Во претходна прилика, подетално објаснивме зошто спирулината се нарекува најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото. Но, тие корисни информации не би биле целосни, ако не знаеме за кого е наменета спирулината. Зошто и кој се може да ја користи, ни одговори Др. Нела. Па погледнете ги препораките и советите.

Може да ве интересира: Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Др. Нела советува: За кого е наменета спирулината 2

Spirulina Pacifica корисна за сите:

Деца, бремени жени и доилки

Есенцијалните масни киселини во Spirulina Pacifica помагаат да се изгради мозокот и нервниот систем на фетусот, кои тој ги добива од мајката за време на бременоста. Хлорофилот е детоксифирачки, кој делува наспроти квасецот и бактериите во дигестивниот тракт, ја гради крвта и ги активира ензимите да произведуваат витамин Е, А и К. Генерално, Spirulina Pacifica е сигурен подигнувач на енергија за идните мајки.

Луѓе на диета

Спирулината го намалува апетитот, додека го зголемува нивото на енергија. Таа е најбогат извор на фениланин, природен пригушувач на апетитот, и аргинин, амино киселина која го помага ослободувањето на хормонот за раст. Хормонот за раст го стимулира сопствениот регенеративен процес на организмот за изградба на мускулите и топење на мастите. Најдобро од се е што само 10 гр Spirulina содржи 36 калории правејќи ја перфектна диетална храна. Исто така, помага да се обезбеди соодветен внес на хранливи материи кога се бројат калориите. За разлика од другите таблети со хранлива вредност, Spirulina Pacifica е комплетно сигурна и не предизвикува никакви нус појави. Нејзиното секојдневно конзумирање ќе ви помогне во намалување на телесната тежина а истовремено ја задржувате виткоста и свежината на телото.

Вегетеријанци

Спирулината ја обезбедува нутритивната врска која им недостасува на вегетеријанците. Таа е богат извор на витамин Б-12 и железо – единствен растителен извор на Б-12 и е идеален протеински додаток за некомплетните растителни протеини бидејќи ги содржи и двете амино киселини Lysine и Methionine.

Спортисти и боди билдери

Ниедна друга храна не може да обезбеди „удар” на хранливи материи толку брзо. Таа обезбедува скоро се што му е потребно на организмот за комплетен метаболизам, вклучувајќи многу хранливи материи кои ги нема во другите храни. Спортистите искусиле подобрување на изведбата со зголемена енергија и зајакнат капацитет на издржливост при редовно конзумирање во одреден временски период. Доколку се консумира пред натпревар дава големо количество на енергија.

Лица над 50 години

Богата е со хранливи материи и лесно се вари, давајќи им повторно енергија на оние кои не јадат доволно, имаат рестриктивна исхрана или ниско ниво на енергија. Високата содржина на бета-каротен е добра за очите и видот. Грам по грам, таа има повеќе калциум и магнезиум отколку другите храни, важни минерали за здрава кожа и силни коски.

За целото семејство

Како комплетно природна храна таа е погодна за целото семејство, поради нејзиниот балансиран и широк спектар на нутритивен профил. Може да се каже дека е идеален додаток во исхраната за голем број луѓе! Spirulina Pacifica го обезбедува организмот со сите основни хранливи материи кои се потребни секојдневно, правејќи ве свежи, активни и полни со енергија во текот на целиот ден.

Spirulina pacifica ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во паковања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг или во форма на прашок. Уште полесно, може да кликнете на онлајн продавницата на Тримекс и да ги нарачате директно на ваша адреса или на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Ви препорачуваме да прочитате: Spirulina pacifica – најмоќна храна на земјата и прочистувач на телото!

Сподели: