астаксантин

Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц

Можеби имате слушнато за бета-каротен, ликопен, зеаксантин и лутеин, но дали знаете нешто за BioAstin (астаксантин)? Астаксантинот претставува моќен антиоксиданс, кој припаѓа во групата каротеноидни пигменти. Често се нарекува „крал на каротеноидите“. Може да се најде во некои морски растенија и животни, а е познат како еден од најсилните антиоксиданси кои се наоѓаат во природата. Придобивките од неговата консумација се многубројни, а особено се препорачува за намалување на знаците на стареење и подигнување на нивото на енергија. Се вели дека е 6000 пати помоќен од витаминот Ц, па токму тоа нé поттикна да поразговараме со Д-р Нела и да се запознаеме подобро со овој природен антиоксиданс.

Што претставува BioAstin (астаксантин)?

Астаксантинот е антиоксиданс кој припаѓа во каротеноидите, а ја дава црвено портокаловата боја на лососот. Истражувањата кои се објавени во The Journal of Nutrition and Metabolism покажуваат дека овој моќен антиоксиданс може да го намали оксидативниот стрес, воспалението и да го зајакне имуниот систем. Согласно со некои студии, кога станува збор за елиминацијата на слободните радикали, астаксантинот може да биде:

  • 550 пати посилен од витаминот Е
  • 800 пати помоќен во споредба од CoQ10
  • 6000 пати помоќен од витаминот Ц.

За астаксантинот е утврдено дека 500 пати е помоќен во споредба до катехините кои ги содржи зелениот чај.

биоастин

Кои се придобивките од консумацијата на BioAstin?

BioAstrin-от е антиоксиданс, кој природно ги намалува слободните радикали во телото. Но, покрај тоа, тој значително го намалува оксидативниот стрес во телото, со што ги штити клетките од оксидација. Има уникатна молекуларна структура, а придобивките се големи:

  • ги намалува брчките и старечките дамки
  • го подобрува видот
  • го поддржува здравјето на зглобовите
  • ја зголемува издржливоста и го намалува уморот при вежбање
  • ги намалува знаците на стареењето
  • го намалува ризикот од Алцхајмерова болест
  • го подобрува изгледот на кожата и ја штити од оштетување предизвикано од сончевите зраци
  • ја зголемува енергијата
  • го подобрува фокусот кај лица кои имаат АДХД (синдромот на недостаток на внимание и хиперактивност).

Би можело многу да се зборува за BioAstin-от и неговите придобивки, на оваа прилика би сакала само накратко да ги запознаам вашите читатели со еден од најмоќните антиоксиданси на планетата.

Кои се извори на астаксантин?

Астаксантинот во голема количина може да се најде во дивиот пацифички лосос. Исто така може да се најде во состав на алги, црвена пастрмка, ракчиња, ракови и јастози. На нашиот пазар, достапен е во форма на капсули, познати под името BioAstin, кои содржат природен хавајски астаксантин (од Haematoccocus pluvialis микроалга). Истиот може да се набави во сите поголеми аптеки низ Македонија, а може да се порача и преку онлајн продавницата на Тримекс.

И се заблагодаруваме на Д-р Нела и за овој едукативен текст, а за повеќе информации и порачки на BioAstin-от посетете ја страницата на Тримекс или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

Секако, доколку имате прашања во врска со користењето на BioAstin-от, слободно пишувајте ни на info@sezahrana.mk

Ви предлагаме да прочитате: Победете ги болките во грлото и заштитете се од настинки со 10 природни намирници.

Сподели: