Евтина и лесна торта со јаболка

Можеме да кажеме дека оваа евтина и лесна торта со јаболка е една од традиционалните, кои се многу вкусни и ги правеле и нашите баби. Па, вреди да ја сочуваме традицијата и убавите македонски рецепти.

Овој рецепт за тортата со јаболка ни го испрати Славица, а ние со задоволство го споделуваме со вас. Сезоната на јаболка само што започна и време е за најубавите десерти!

торта со јаболка

Состојки:

  • 800 гр јаболка
  • 3 јајца
  • 130 гр шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 250 гр брашно
  • рендана кора од 1 лимон
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 150 мл млеко
  • 125 мл масло.

Подготовка:

  1. Јаболката излупете ги и исчистете ги од семките. Исечете ги на тенки листови.
  2. Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер ставете ги во сад за матење. Изматете ги со миксерот додека шеќерот се растопи и се добие густа смеса.
  3. Брашното, кората од лимон и прашокот за печиво ставете ги во длабока чинија. Измешајте ги со лажица, а потоа додајте ги во садот со матените јајца.
  4. Во садот додајте ги млекото и маслото. Смесата измешајте ја со лажица.
  5. Калапот или тава за печење (големина 28) премачкате ги со масло и набрашнете ги. Доколку имате хартија за печење, може да ја искористите. Во овој случај, калапот нема потреба да се премачкува со масло и да се посипува со брашно.
  6. Во калапот ставаете ја смесата за тортата. Наредете ги парчињата јаболка.
  7. Калапот ставете го да се пече во загреана рерна на 180 степени за време од 30 до 40 минути. Со помош на чепкалка проверете дали тортата е целосно печена.
  8. Печената лесна торта со јаболка извадете ја од рерната и оставете ја да се излади. Пред служење посипете ја со шеќер во прав. На здравје!

Рецептот го испратил: Славица Колева.

Ви предлагаме да прочитате: Брза торта со јаболка.

Сподели: