Една година постоење на Slim Line Club-от во Битола 1

Една година постоење на Slim Line Club-от во Битола! Дознајте како поминавме на настанот!

Компанијата Slim Line која е позната по ефикасноста на своите производи за слабеење, продолжува со остварување на својата мисија кон успехот! Еден од поголемите чекори и поважни чекори во тој контекст е отворањето на брендираната продавница во Битола. По повод една година постоење на Slim Line Club-от во Битола, во хотел Милениум беше одржан настан на кој беше промовирана и новата палета на производи.

Козметиката на Slim Line Club не е за толку општа употреба и третира одредени проблеми. Истата се состои од програма против стареење, шампони и спрејови за раст на коса, третмани за раст на трепки и веѓи, производите кои пред се, се наменети за чистење на лицето – пилинг од кафе, маска од црното море, црната маска која е една од најпопуларните маски во светот, сапуни, антицелулитни креми, производи за заштита од акни на лицето и слично. Производите може да купат од нивната онлајн продавница, а ако сакате да дознаете повеќе за нивното дејство исто така може да го посетите нивниот блог.

Една година постоење на Slim Line Club-от во Битола 2

Станува збор за производи кои се наменети за одржување на негата на лицето и телото. „Ние ги донесовме најдобрите производи, имаме целосна контрола на производството и брендирани се под марката Slim Line Club“ – вели Марија Костовска.

Со тимски пристап низ концептот и моделот на мултилевел маркетинг има повеќе од 1700 членови кои веќе функционираат во големиот тим на Slim Line Club-от. На настанот беше презентиран и маркетинг планот со кој корисните и членовите на Slim Line, може да ки купуваат производите со попусти. Повеќе за настанот може да слушнете тука.

Освен што производите беа подетално презентирани, присутните имаа можност и да ги испробаат на себе, за лично да ги почувствуваат придобивките од нив. Ние бевме присутни таму и можеме да посведочиме дека тоа беше добро инвестирано време, затоа што дознавме многу нови информации околу тоа како може домашно да се негуваме, а кој што има желба може да се приклучи и на тимот на Slim Line Club и да заработува. Она во што посебно уживавме беа задоволните изрази на лицата на посетителите кои ги испробуваа производите. Прекрасната атмосфера, опуштена соработка и задоволните лица најдобро може да ги погледнете од галеријата, ако кликнете тука.

*Комерцијален текст.

Сподели: