Едноставна посна торта со јаболка и ореви

Приготвена и испечена во нашата кујна! Речиси сите ги обожаваат тортите со јаболка, ореви и цимет, па рековме и ние да приготвиме таков рецепт. Пробајте ја оваа посна торта со јаболка и ореви, за која би рекле дека е слатко задоволство кое се приготвува многу лесно и едноставно.

Посните торти знаат да им направат проблем на понеискусните домаќинки, па затоа ние сме тука да понудиме добар рецепт со детално објаснети чекори за подготовка. Следете ги и нема да погрешите!

посна торта со јаболка и ореви

Состојки:

  • 1 кг јаболка
  • 4 филџани шеќер
  • 1 лажица сода бикрабона
  • 1 лажица екстракт од ванила или 1 ќесичка ванилин шеќер
  • цимет по вкус
  • 2 филџани масло
  • 2 филџани вода
  • 8 филџани брашно
  • 100 грама сечкани ореви.

Подготовка:

  1. Јаболката измијте ги и излупете ги. Потоа изрендајте ги на крупната страна на рендето и ставете ги во длабок сад. Во садот додајте го шеќерот и добро измешајте. Додајте ги и сода бикарбоната, ванилата и поросете цимет по желба.
  2. Оставете ги јаболката да стојат за време од 1 часа.
  3. Потоа во садот додајте ги маслото и водата. Измешајте ги состојките.
  4. Брашното и сечканите ореви измешајте ги по посебен сад. Потоа, додајте ги во смесата со ренданите јаболка. Измешајте убаво.
  5. Смесата ставете ја во правоаголна тава (големина број 40) обложена со хартија за печење. Печете во загреана рерна на 220 степени за време од 10 до 15 минути, а потоа намалете ја температурата на 180 степени и продолжете со печење уште 45 до 60 минути. Печената посна торта со јаболка и ореви оставете ја да се излади, а потоа исечете парчиња по желба. Пред служење секое парче поросете го шеќер во прав по желба. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Брза посна торта со мармалад и ореви.

Сподели: