овошни колачиња без шеќер

Енергетски овошни колачиња без шеќер готови за 5 минути

За сите љубители на здрави и брзи рецепти! Уживајте во вкусот на јагодите, преку целата година. Со голема љубов ви приготвивме уште еден здрав рецепт за брзи овошни колачиња без шеќер. Само 5 минути ве делат од овошното засладување.

Овие мали слатки колачиња, не содржат шеќер и глутен. Изобилуваат со витамини и минерали, а за да ја зголемиме нивната хранлива вредност и да го подобриме вкусот додадовме SLC Meal Replacement од јагода. SLC Meal Replacement има низок гликемиски индекс и го регулира нивото на шеќер во крвта, со што се губи чувството на глад, дава ситост и намален апетит, а исто така го штити имунолошкиот систем поради присуството на важни микро и макро хранливи материи кои се неопходни за нормално дневно функционирање на телото.

овошни бомбици

Ги препорачуваме за лица кои внимаваат на својата линија, се хранат здраво и вежбаат. Можете да ги послужите за појадок, за ужина или пред тренинг. Од наведената количина ќе добиете 14 колачиња, а еве што вели нутритивната анализа за секое колаче: 50 калории, 7 грама јаглени хидрати, 4 грама масти и 2 протеини.

Состојки:

  • 1 банана
  • ½ чаша замрзнати јагоди или друго јагодесто овошје
  • 2 лажици SLC Meal Replacement од јагода
  • 1 чаша овесни снегулки
  • 1/3 чаша кокос
  • 1/3 чаша лупени, непечени семки од сончоглед
  • мед, јаворов сируп, стевија или друг засладувач по желба.

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги овесните снегулки. Миксирајте ги за време од 10 до 20 секунди. Мелените овесни снегулки ставете ги во длабок сад и додајте го SLC Meal Replacement од јагода. Измешајте со лажица.
  2. Бананата исечкајте ја.
  3. Во блендерот ставете ги исечканата банана, замрзнатите јагоди и кокосовите снегулки. Блендирајте кратко додека состојките се соединат. Сместа со замрзнати јагоди и банана ставете ја во садот со овесните снегулки и SLC Meal Replacement.
  4. Семките од сончоглед ставете ги во блендерот. Миксирајте кратко додека семките се измелат.
  5. Мелените семки од сончоглед ставате ги во садот со овесните снегулки. Со лажица измешајте ја смесата, а потоа формирајте бомбици. По желба колачињата извалкајте ги во кокос. На здравје!
овошни колачи без шеќер

Инфо плус: Имаме изненадување за вас! Нашите пријатели од Slim Line Club го слават својот роденден со попусти на сите производи. Купете го SLC Meal Replacement од јагода преку онлајн продавницата на Slim Line Club со роденденски попуст или јавете се на телефоните: 078 215 929 и 02 270 0028.

Ви предлагаме да прочитате: Палачинки во форма на срце со SlC Meal Replacement Strawberry. 

Сподели: