домашен крем против целулит

Ефикасен домашен крем против целулит

Отстранувањето на многу непосакуваниот целулит е тешка и макотрпна задача за секоја жена, а сега ви предлагаме домашна алтернатива за ефикасен крем против целулит, кој може барем во извесна мера да ги замени скапите козметички третмани и да ви помогне во домашни услови да го подобрите својот изглед и чувство на исполнетост за вашиот изглед.

Корисниците на оваа крема сведочат дека за неколку недели континуирана употреба на овој домашен крем против целулит, ќе имате убави резултати на значително помазна кожа, ослободена од нерамнини и изглед на портокалова кора. Вака приготвениот крем помага за подобра циркулација на критичните подрачја, придонесува за полесно отстранување на токсините и кожата ја прави мека и свиленката.

домашен крем против целулит

Состојки:

  • 3/4 шолја кокосово масло
  • 2 лажици изрендан пчелин восок
  • 3 лажици масло од хамамелис (вештерска леска)
  • 10 капки масло од смрека
  • 10 капки масло од рузмарин
  • 30 капки масло од грејпфрут
  • 30 капки масло од чемпрес.

Подготовка:

  1. Во сад измешајте ги сите етерични масла.
  2. Восокот стопете го на пареа и при самиот крај додајте го и кокосовото масло, па оставете малку да се измешаат.
  3. Тргнете го восокот од пареата, додајте ја мешавината од етерични масла и измешајте.
  4. Домашниот крем против целулит соберете го во стаклена тегличка со капак.

Начин на делување и употреба:

Оваа крема несомнено делува, колку и вие да се сомневате.

Смреката е природен диуретик и чистач на организмот, рузмаринот ја подобрува циркулацијата, а чемпресот и грејпфрутот помагаат за отстранување на токсините од организмот. Вештерската леска – хамамелис, има улога да ја израмни кожата и да ја измазни грубоста која ја предизвикале насобраните масни наслаги. Восокот и кокосовото масло се впиваат во кожата и и помагаат на кожата да ги апсорбира сите хранливи материи од етеричните масла.

Ако мислите дека е тешко да ги пронајдете сите овие состојки, ве охрабруваме да се обидите бидејќи вреди и да ги побарате во земјоделски аптеки или продавници за здрава храна. Среќно!

Сподели: