сируп од мед

Ефикасен сируп од мед при настинки и болки во грлото

Променливото и ладно време, најчесто е поврзано со настинки и болка во грлото. Многумина од нас секое утро се будат со болка која е симптом на воспалена слузница. Наместо да користите антибиотици чија употреба мора да биде минимална и во консултација со лекар, ние ви предлагаме да направите домашни препарати кои се многу ефикасни и ќе ви помогнат за ублажување на иритирачката болка, чувството на сувост и гребење.

Сега може да направите природен сируп од мед, лимон и маслиново масло, кој може да го консумираат децата над 1 година како и возрасните. Покрај тоа што сирупот е одличен за зајакнување на имунитетот, при настинки и болки во грлото, исто така се препорачува при алергии.

Состојки:

  • 1 ½ чаша органски мед
  • ½ чаша екстра девствено маслиново масло
  • свежо цеден сок од 1 до 5 лимони.

Подготовка:

  1. Во мало тенџере ставете ги медот, маслиновото масло и сокот од лимон. Измешајте ги и тенџерето ставете го на оган на средна температура да се загрее. Штом состојките се изедначат, тенџерето тргнете го од огнот и оставете го да се излади.
  2. Изладениот сируп од мед ставете го во чиста, сува и стерилизирана тегла. Теглата затворете ја со капак и ставете ја во фрижидер.
  3. По потреба, наутро користете една мала лажичка или лажица од сирупот со мед. По желба, сирупот може да го додадете во млак чај.

Сподели: