ефикасно средство против комарци

Ароматично и ефикасно средство против комарци

Конечно е лето! И што може да биде поубаво и пријатно од летните вечери? Тоа е време кога жештината се намалува и станува се посвежо и попријатно. Многумина од нас, вечерта ја користат за прошетки или седенки во двор со своето друштво. Но, понекогаш досадните комарци може потполно да ја уништат пријатната вечер, а и целата ноќ. Сакате ли да уживате во топлите летни часови без да ве вознемируваат комарци и без да користите штетни и скапи хемиски средства?

Постои едно многу едноставно и ефикасно решение против комарци кое може да го направите сами. А, освен тоа ќе имате пријатна, освежителна арома без хемикалии. Потребни ви се еден зелен лимон и семки од каранфилче. Зелениот лимон пресечете го на половина и ставете го во чинија. Во него ставете неколку зрна каранфилче и готово, вашето ароматично средство е готово.

Домашното средство против комарци од лимон и каранфилче може да го ставите пред вас, на масата, на отворените прозорци во собата, а ќе би биде гарантирана мирна ноќ и мирисни сништа.

Доколку во моментот немате зелен лимон, а пријателите ви се најавиле, имаме уште едно решение против комарци. Може да направите замка за комарци, а потребни ќе ви бидат пластично шише, малку кафеав шеќер, квасец, лепак и стари весници. Постапката за изработката на оваа замка, прочитајте ја тука.

Ви предлагаме да прочитате: Природни спрејови против комарци и инсекти.

Сподели: