Заменете ги калоричните намирници со понискокалорични 1

Заменете ги калоричните намирници со понискокалорични и полесно сварливи, а подеднакво вкусни

Ако сакате да ослабнете, нема потреба да се изгладнувате, туку доволно е само да го корегирате менито. Она што е важно да знаете, е дека тоа треба да биде на долг рок и дека промените не се можни „преку ноќ“. Откријте како е тоа можно на добар начин, без да му штетите на здравјето. Заменете ги калоричните намирници со понискокалорични, а подеднакво вкусни!

Можеби дел од овие совети ќе ви звучат необично, но не ги измисливме ние, туку ги споделуваме како успешно искуство од поголема група на задоволни и среќни луѓе.

Заменете ги калоричните намирници со понискокалорични 2

Суви сливи наместо путер

Како што спомнавме, потполно е необична споредбата, но сувите сливи се десерт кој е сојузник на здравјето и витката линија.

Свежо посно сирење наместо масни намази

Иако полномасните млекчни намази се вкусни и може да го збогатат вашиот сендвич, треба да внимавате на количината која ја консумират. Може и да ги замените со нискомаслени производи и повторно да уживате во вкусот.

Свежи зачини наместо суви концентрати

Ако вашиот рецепт вели лажица мешан зачин, секогаш кога имате можност бирајте да користите свежи зачини. Лукот, свежите зелени зачини, пиперките, не содржат сол, се многу поздрави и имаат богат вкус.

Јаболко и јогурт наместо путер и масло

Трудете се наместо честа употреба на маргарин, масла и путер, да каснете јаболко и јогурт. Половина шолја путер содржи 900 калории и 92 грама масти, додека, јаболкова каша со јогурт има околу 50 калории и многу малку масти. Во припремата на кашата, избегнувајте да додавате шеќер или додајте колку што можете помалку.

Мелено мисиркино, наместо мелено телешко месо

Оваа замена ги вклучува оброците со мелено месо. Меленото мисиркино месо е полесно сварливо од телешкото, а исто толку вкусно. Храната која побрзо се вари не предизвикува надуеност на стомакот, па таа појава секако ќе ја избегнете.

Нискомаслен јогурт и сирење наместо кисела павлака

Иако во вашиот рецепт пишува кисела павлака, пробајте да замените со мешавина од јогурт и немасно сирење или урда. На овој начин, значително ќе го намалите бројот на калории, а вкусот ќе остане непроменет.

Парчиња темно чоколадо наместо прелив

Наместо колачот да го прелиете со домашно припремен или купечки прелив, земете темно чоколадо и стопете го за таа намена. Колачите ќе бидат превкусни, а вие ќе потрошите помалку чоколадо, а со тоа ќе внесете и помалку калории.

Препораки плус: Штом веќе ја читате оваа содржина веројатноста дека имате потешкотии „да ја помрднете вагата“ е голема. Ако некогаш немате време, а сакате да внесете здрав и хранлив оброк, направете си заменски оброк со SLC Meal Replacement шејковите кои ги има во три вкуса: јагода, ванила и чоколадо. Еве неколку предлози со брзи и лесни нискокалорични рецепти: Хранлив оброк во чаша со SLC шејк од чоколадоНапиток од банана и SLC шејк од ванилаСовршен пролетен оброк во чаша – SLC шејк од јагода.

Освен тоа, како надополнување на здравиот начин на живот, мудрите избори на храна и со надеж да ви помогнеме за побрзо и полесно да стигнете до витко тело и што порамен стомак, имаме да ви препорачаме нешто. Нашите пријатели од SlimLine club имаат специјални SLC Advance капсули за надополнување на целта да се ослабне што полесно! SLC Advance капсулите се посебно корисни за таргетирано слабеење со фокус на половината и стомакот, кои се важни за секоја жена, а најмногу во летниот период! Бидејќи сме виделе многу успешни приказни од нивните производи, предлагаме да ги пробате овие природни диететски суплементи, со што ќе си овозможите порелаксирано и помалку стресно слабеење. За сите придобивки од капсулите може да прочитате тука, а за повеќе информации и нарачки кликнете тука или јавете се на 078 215 929 и 02 270 0028.

Ви препорачуваме да прочитате: Нискокалорични интегрални мафини без шеќер.

Сподели: