Зачинето пире со праз и суви пиперки (посно) 1

Зачинето пире со праз и суви пиперки (посно)

Зошто да јадеме обично пире кога може да направиме многу покреативно јадење кое ќе донесе ведрина на трпезата? Испробано е, идејата за зачинето пире со праз е супер. Со само неколку состојки, се добива ново уживање. Па, ајде да видиме како се прави.

„Еден старински рецепт за пире кој верувам сите го правите. Ова не е макало, но секако е пире кое се јаде со леб. Македонска работа, наша работа, еми што да правиме.  Во Струмица немаме макала како во Западна Македонија, но се наоѓаат многу вакви рецепти и мислам дека ние сме повеќе по прженото. Пржената храна, барем во моето семејство беше и е главна, здрава-не здрава, многу е слатка.“ – сподели Весна со нас.

Таа сподели уште некои корисни информации и насоки како да го јадеме во различни комбинации. Ни кажа дека ова пире може да се јаде со леб и сирење како главен оброк или на пример, да биде гарнир на колбаси. Има специфичен вкус, а ако некогаш немате суви пиперки и без нив е убаво, буковската пипер дава преубав вкус и боја.  Посно јадење кое е убаво во секое време!

Зачинето пире со праз и суви пиперки (посно) 2

Состојки:

  • неколку компири
  • неколку страка праз
  • суви пиперки по потреба
  • масло по потреба
  • сол по вкус
  • буковска пипер по вкус.

Постапка:

  1. Измиените компири сварете ги со се лушпата.
  2. Измиениот праз, ситно исечкајте гои испржете го додека целосно омекне.
  3. Компирите излупете ги и испасирајте ги со сол.
  4. Кога ќе го пржите празот, додајте малку повеќе масло, па откако ќе се испржи во тавата додајте ги сечканите суви пиперки да се пржат малку.
  5. На крај додадете ја буковската пипер и мешајте за да не загори.
  6. Така припремената мешавина, турете ја врз пирето, заедно со врелото масло во кое се пржеле состојките и убаво измешајте. На здравје!

Рецептот го испратил: Весна Рохр, vesnarohrrecepti.

Ви препорачуваме да прочитате: Печена посна тава од компири со фил од праз.

Сподели: