Здрав спортски напиток Switchel 1

Здрав спортски напиток „Switchel“

Ако барате рецепт за здрава, природна и вкусна верзија на спортски напиток, време е да ве израдуваме со нешто навистина посебно. Овој спортски напиток, кој во светот е познат под името „Switchel“ има традиција на пиење повеќе од 200 години и време е и ние да се запознаеме со неговите својства.

Ако грижа за здравјето на телото и духот е на прво место, ви презентираме наш домашен рецепт за подготовка на вкусен и здрав спортски напиток, чие оригинално име е „Switchel “, а не без причина, со години наназад го припремале и пиеле мудрите Амиши. Се состои од јаболкова киселина, ѓумбир, природни засладувачи и вода, а негова задача е да го освежи и рехидрира организмот после напорен физички тренинг, вежбање или било која друга потешка физичка активност. Има само 131 калорија, а во нив 35.3 грама јаглени хидрати, 0.2 грама протеини и помалку од 0.1 масти.

Многу добро знаеме колку здрави намирници се јаболковта киселина и ѓумбирот, а според тоа и здравтвените придобивки од овој напиток се големи. Такви се следните придобивки:

  • Регулирање на метаболизмот
  • Балансирање на рН во организмот
  • Подобрување на варењето на храната
  • Подобра концентрација
  • Ублажување на болката во мускулите
  • Снабдување на организмот со минерали и витамини
  • Подобар имунитет
  • Подобра заштита од воспаленија.
Здрав спортски напиток Switchel 2

Состојки:

  • 2 шолји вода
  • ¼ шолја јаболкова киселина или околу 60 мл(најдобро е да е природна, органски произведена)
  • 2 лажички јаворов сируп или мед
  • 2 лажички свеж изрендан ѓумбир.

Подготовка:

  1. Во чиста тегла или бокал ставете ја прво водата.
  2. Потоа додајте ја јаболковата киселина и измешајте.
  3. Ѓумбирот измијте го и изрендајте го, измешајте го со медот или јаворовиот сируп и додајте ги во садот со течност.
  4. Убаво измешаната содржина оставете ја да стои во фрижидер најмалку 24 часа, а потоа процедете ја и сервирајте ја со мраз. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Витамински напиток за слабеење.

Сподели: